Врз основа на Законот за енергетика член 116 став (3) точка 2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

Работна средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница: Напредок во реформите и интеграција со европскиот енергетски пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со директорот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – „МЕМО ДООЕЛ“ Скопје, Зоран Ѓорѓиевски, и заменикот на генералниот директор на АД „МЕПСО“, Александар Пауноски, оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски.

На средбата се разговараше за клучните реформски чекори во енергетскиот сектор, како и за напредокот во процесот на усогласување со европските енергетски политики.
Во фокусот на разговорите беа:
- напредокот на државата во реформите во електроенергетскиот сектор,
- зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурноста на снабдувањето,
- интеграцијата на националниот пазар со европскиот енергетски пазар,
- забрзувањето на процесите на декарбонизација и ефектите кои CBAM ги има врз напорите за зголемувањето на уделот на обновливите извори на енергија.
На средбата беше истакнато дека МЕМО континуирано работи на развој на стабилен и конкурентен пазар на електрична енергија, подготвен за интеграција со европскиот пазар.
Во таа насока се финализираат подготовките за старт на Пазарот во тековен ден (Intraday Market), кој се очекува да стане оперативен во мај годинава. Паралелно се работи и на полноправно членство на МЕМО во AIB како еден од чекорите за признавање на Гаранциите на потекло во земјите на ЕУ.
Од воспоставувањето на Регистарот во април 2025 година, издадени се над 190 илјади гаранции за потекло за 20 компании кои користат електрична енергија произведена од обновливи извори.
На средбата беше презентирана и реализацијата на тековните енергетски проекти во повеќе области, при што беше нагласена посветеноста на земјата за забрзување на реформските процеси во енергетскиот сектор.
МЕМО ја одржа првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија
28.10.2026-Скопје – Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Закажана првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија
На 28 октомври 2026 година (среда), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи првата аукција за...
Од сертификат до пазарен производ: новата вредност на зелената енергија
Пишува: Денко Рафајловски, менаџер за обновливи извори на енергијаНационален оператор на пазар на...
МЕМО ја финализира имплементацијата на системот за аукциско тргување со Гаранции за потекло на електрична енергија
Националниот оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ Скопје, ја финализира...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, септември 2026
Во септември 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
