+389 2 3281 020 info@memo.mk

ОДЛУКА за времена суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 10.12.2025 година

09.12.2025 | Известувања

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28 став 1 точка 3 и член 28 став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија, Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 09.12.2025 година се донесе:

ОДЛУКА

за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија

  1. Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија, со ЕДБ: 4080014544990, од пазарот на електрична енергија, поради непочитување на Правилата за пазар на електрична енергија односно нерегулирана балансна одговорност.
  2. Времетраењето на суспензијата започнува од 10.12.2025 година и важи до отстранување на причините за истата но не подоцна од  09.03.2026 година.
  • Доколку во периодот наведен во точка 2 од Одлуката учесникот не ги отстрани причините за изречената суспензија Договорот за учество на пазарот на електрична енергија престанува да важи на ден 10.03.2026 година.
  1. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
  2. Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршување.

О б р а з л о ж е н и е:

Друштвото за трговија со електрична енергија ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија и EIC: 33XELNORSUPPLY-9 склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-10-686/1 од 13.02.2020 година и Анекс 1 со арх.бр. 09-7504/2 од 29.07.2024 година.

На ден 28.11.2025 година од страна на ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, во чија балансна група припаѓа ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување дека снабдувачот нема активен склучен билатерален договор за набавка на електрична енергија за испорака до своите снабдувани потрошувачи со почеток од 01.12.2025 година заради финансиски потешкотии и нема намера да продолжи со снабдување на своите потрошувачи.

Врз основа на ова Известување, а согласно член 28 став 1 точка 4 и став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија МЕМО на ден 28.11.2025 година донесе ОДЛУКА за времена суспензија на учесникот ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со почеток од 01.12.2025 година.

Како член на балансна група на ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, учесникот ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со почеток од 01.12.2025 година останa без регулирана балансна одговорност и без право да доставува номинации на пазарот на електрична енергија, за што истиот ден МЕМО донесе Решение за опомена пред суспензија со рок за отстранување на причините заклучно со 09.12.2025 година.

До ден 09.12.2025 година учесникот ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не ги отстрани причините за донесеното Решение за опомена пред суспензија и МЕМО одлучи како во диспозитивот од оваа ОДЛУКА

МЕМО ДООЕЛ Скопје со оваа Одлуката за суспензија дава можност учесникот на пазар на електрична енергија доколку ги отстрани причините за суспензијата пред завршување на периодот, Суспензијата да биде запрена и да отпочне со активно учество на пазарот на електрична енергија.

ИЗВЕСТУВАЊА

О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 31.10.2025 година

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје – 31.10.2025 година

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

Pin It on Pinterest

Share This