Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...
О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје – 28.02.2026 година
Врз основа на Законот за енергетика член 116 став (3) точка 2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 27 став (1) точка 6) од Правилата за регистрација на учество пазар на електрична енергија, член 12 став 3) и став 6) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 27.02.2026 година се донесе:
О Д Л У К А
за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-7364/3 од 29.07.2024 година, склучен помеѓу ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со ЕДБ: 4057023568574 и EIC: 33XGREENGRID-MK3 и МЕМО ДООЕЛ Скопје РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-7364/4 од 29.07.2024 година.
Договорот престанува да важи на ден 28.02.2026 година во 24:00 часот. - Се брише учесникот на пазарот – ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со ЕДБ: 4057023568574 и EIC: 33XGREENGRID-MK3 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 28 став 3 од Правилата за регистрација на учество пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 27 став 4 од Правилата за регистрација на учество пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
Образложение:
Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 29.07.2024 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-7364/3 со ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со ЕДБ: 4057023568574.
На ден 28.11.2025 година од страна на ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување дека снабдувачот нема активен склучен билатерален договор за набавка на електрична енергија за испорака до своите снабдувани потрошувачи со почеток од 01.12.2025 година заради финансиски потешкотии и нема намера да продолжи со снабдување на своите потрошувачи.
Врз основа на ова Известување, а согласно член 28 став 1 точка 4 и став 6 од важечките Правилата за пазар на електрична енергија МЕМО на ден 28.11.2025 година донесе ОДЛУКА за времена суспензија на учесникот ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со арх.бр. 09-16259/1 со важност до 28.02.2026 година.
На ден 29.12.2025 година АД МЕПСО – ОЕПС испрати Известување за престанување на важење (раскинување) на Договорот за балансна одговорност склучен со ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со бр.09-4777/2 од 16.07.2024 година
На ден 18.02.2026 година по електронска комуникација МЕМО го потсети учесникот дека е потребно да ја регулира балансната одговорност со цел исполнување на условите за учество на пазарот на електична енергија. МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 27.02.2026 година, согласно член 27 став 1 точка 6) од Правилата за регистрација на учество пазар на електрична енергија и член 12 став 3) и став 6) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука
О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЕНСКО Трејдинг ДООЕЛ Скопје – 16.02.2026 година
Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република...
ОДЛУКА за времена суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 10.12.2025 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност за ЕЛНОР ДООЕЛ Скопје – 01.12.2025 година
Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република...
ОДЛУКА за времена суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје – 28.11.2025 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...
О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 31.10.2025 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...
