+389 2 3281 020 info@memo.mk

О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЕНСКО Трејдинг ДООЕЛ Скопје – 16.02.2026 година

16.02.2026 | Известувања

Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), согласно член 27 став (1) точка 1) од Правилата за регистрација на учество на пазар на електрична енергија  и член 12 став 1) од Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст – со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 16.02.2026 година се донесе:

О Д Л У К А

за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП

Договорот престанува да важи на ден 16.02.2026 година во 24:00 часот.

  • Се брише учесникот на пазарот – ЕНСКО Трејдинг ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4080015553900 и EIC: 33XENSCODOOELMKZ од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 27 став 3 од Правилата за регистрација на учество на пазар на електрична енергија.
  • Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 27 став 3 од Правилата за регистрација на учество на пазар на електрична енергија  и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
  • Приговор против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување
  • Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.

Образложение:

Операторот на пазар на електрична енергија на ден 12.02.2020 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со ЕНСКО Трејдинг ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4080015553900 и EIC: 33XENSCODOOELMKZ.

Учесникот на пазарот на електрична енергија ЕНСКО Трејдинг ДООЕЛ Скопје поседува лиценца за вршење енергетска дејност трговија со електрична енергија со евидентен број ЕЕ-ТРГ-261-2016 со датум на важење до 16.02.2026 година.

МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ на ден 17.11.2025 и 06.02.2026 година испрати до учесникот по електронска пошта потсетување за истек на важноста на лиценцата и со цел навремено обновување на истата и продолжување на учеството на пазарот на електрична енергија.

До ден 16.02.2026 година од страна на учесникот ЕНСКО Трејдинг ДООЕЛ Скопје не е доставена важечка лиценца за трговија со електрична енергија со што МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ на ден 16.02.2026 година одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

Согласно член 29 став 1 и 2 од Правилата за регистрација на учество на пазар на електрична енергија, учесникот на пазар на електрична енергија на кој договорот за учество на пазарот на електрична енергија престанал да му важи врз основа на Одлука на ОПЕЕ може повторно да биде регистриран со стекнување на нова важечка лиценца.

ИЗВЕСТУВАЊА

О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 31.10.2025 година

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје – 31.10.2025 година

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

Pin It on Pinterest

Share This