+389 2 3281 020 info@memo.mk

Закажана првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија

21.10.2026 | Новости

На 28 октомври 2026 година (среда), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи првата аукција за Гаранции за потекло, организирана од Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје.

Со оваа аукција, под назив „MEMO FiT – Wind“, се прави значаен чекор кон развој на транспарентен и функционален пазар на Гаранции за потекло, овозможувајќи пазарно формирање на нивната вредност и дополнителна валоризација на електричната енергија од обновливи извори.

Продолжуваме со развој на пазарот на зелена енергија и усогласување со европските практики.

Аукциско тргување Гаранции за потекло на електрична енергија

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This