Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28...

ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ЗА СТРУЈА (ЈАНУАРИ-СЕПТЕМВРИ 2025): ДОВЕРБА ВРЕДНА 103,6 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСТРГУВАНИ МИЛИОН МЕГАВАТЧАСОВИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Пишува: Никола Стојанов, аналитичар
Просечната цена за мегаватчас на нашата берза за струја, во првите девет месеци годинава, е конкурентна со цените постигнати на поголемите берзи кои оперираат во Унгарија и во Грција. И покрај тоа што тие работат подолг низ години, имаат повисока ликвидност и оперираат во поголеми електроенергетски системи, цените меѓу нив и нашата берза се разликуваат во нијанси. Во март годинава дури и сме имале најниска просечна месечна цена во споредба со двете поголеми берзи. Допрва претстојат убави денови за МЕМО нашиот оператор на берзата за струја. Затоа што во блиска или догледна иднина нашата берза за струја ќе може да апсорбира макар и дел од големиот транзитен потенцијал на македонскиот електропреносен систем, а тоа ќе се случи при првото поврзување (каплинг) со некоја од соседните берзи за струја.
На македонската берза за струја во првите девет месеци годинава биле истргувани 997.350 мегаватчасови електрична енергија, покажуваат официјални и јавно достапни податоци. При тоа берзата направила промет поголем од 100 милиони евра за девет месеци, пари кои ги примиле учесници на пазарот што ја продавале, а ги платиле тие што ја купиле или потрошиле електричната енергија.
Резултатот што од мај 2023 година до сега го постигна берзата за струја, на принципот тргување ден пред испорака, односно државната компанија МЕМО која е оператор на организираниот пазар за електрична енергија е за почит и тоа од повеќе причини.
Прво, нашата берза е релевантна. Тоа може да се заклучи кога се спореди количеството на истргувана електрична енергија на берзата со вкупната електрична енергија што, според податоците на МЕПСО, била превземена односно потрошена од големите (директни) потрошувачи и снабдувачите преку електродистрибутивните системи.
Имено оваа споредба на податоци покажува дека во првите осум месеци годинава електричната енергија истргувана на берза учествува со повеќе од 26 отсто во вкупната струја превземена од дистрибутивните системи и од директните потрошувачи. Тоа е значајно учество во домашната потрошувачка на електрична енергија и доказ дека потрошувачите и снабдувачите веќе ја ценат за релевантна нашата берза и тргуваат на неа.

Второ, од податокот дека преку берза се истргувани речиси еден милион мегаватчасови електрична енергија вредни над 100 милиони евра може да се заклучи дека учесниците на организираниот пазар за електрична енергија веруваат во МЕМО и во берзата за струја. Затоа што на таа трговска платформа довериле речиси еден милион мегаватчасови електрична енергија и платиле или наплатиле преку неа над 100 милиони евра во периодот јануари – септември годинава.
Очигледно дека МЕМО низ овие малку повеќе од 2,5 години работа на берзата докажа дека е доверлив партнер за сите 38 компании учесници на берзата. А бизнис довербата учесниците ја градат на следните основи: знаат дека продадената струја ќе ја наплатат во однапред договорениот временски рок како продавачи или дека сигурно ќе ја добијат во дадениот временски интервал за кој платиле.
И трето, клучната и стратешки важна новосоздадена вредност на трансформацијата од плански во пазарен електроенергетски систем! Тоа е новосоздадената вредност на реформата односно релевантната цена заснована на објективна понуда и побарувачка за електрична енергија за секој час во текот на едно деноноќие. Македонија од мај 2023 година наваму има своја пазарна цена на електричната енергија заснована на реална понуда за и побарувачка на електрична енергија. Тоа е ценовен сигнал важен за сите идни инвестиции во енергетика, а во други области во кои цената на струјата е важен инпут-индикатор за правење бизнис план. Споредбата на цените на струја постигнати на нашата берза во споредба со берзите за струја во Унгарија (ХУПЕКС) и во Грција (ЕНЕКС) не покажува евидентни разлики. Споредбата покажува дека има разлики во нијанси. Но предноста е на наша страна затоа што нашата берза е најмлада, а нашиот пазар иако најмал во споредба со другите два национални електроенергетски системи има голем потенцијал за раст. ХУПЕКС и ЕНЕКС работат подолго, работат на поголеми пазари за електрична енергија, имаат поголема ликвидност од нашата берза и се поврзани (каплирани н.з.) со берзи на соседни држави. Споредба на цени со регион за период 01.01.2025-30.09.2025 Споредбата на цени е направена меѓу македонската берза (МЕМО), унгарската берза (HUPX), грчката берза (EnEx).
Споредба на цени со регион за период 01.01.2025-30.09.2025
Споредбата на цени е направена меѓу македонската берза (МЕМО), унгарската берза (HUPX), грчката берза (EnEx).

Споредбата на податоците за цените од јануари до септември за трите берзи покажува дека нашата берза е конкурентна и дека во март дури имала и најниска просечна цена во споредба со двете други берзи. Исто така вредно е да се истакне и тоа што просечната цена на нашата берза за првите девет месеци е пониска од цената на ХУПЕКС.
И кога се споредуваат цените на овие берзи мора да се има предвид дека носењето на струја купена на странски пазар со себе повлекува и трошок на преносен прекуграничен капацитет, како и други трошоци за трансакција и трговска провизија и надоместоци за трговија на која и да е од споредуваните берзи. Оптимизмот за иднината на берзата на МЕМО е објективен затоа што е голем потенцијалот на нашиот електропреносен систем кој важи за транзитен јазол. А тоа особено треба да дојде до израз и да се валоризира со каплинзите со соседните електропреносни системи во блиска иднина.
Балансирањето на електроенергетскиот систем – клуч за стабилно снабдување со електрична енергија
Пишува: Александар Ристовски, раководител на Оддел за управување на пазарот на електрична...
MЕМО и словенечката енергетска берза БСП потпишаа Договор со кој започнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market)
Во просториите на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ДЕКЕМВРИ 2025
Во декември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, декември 2025
Во декември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – декември 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
