Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28...

НОВА ЕТАПА НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАР-АД ЕСМ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ И УЧЕСНИК НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Пишува Ана Мешко, дипломиран електроинженер,
Раководител за планирање и анализа на возни редови и пазар на електрична енергија, Сектор за производство на електрична енергија, АД ЕСМ
Отворањето на пазарот ден однапред (ПДО) во Република Северна Македонија имаше големо влијание врз работењето, планирањето и изгледите за иднината на АД ЕСМ, како производител на електрична енергија.
Иако донесе нови предизвици, овој организиран пазар, исто така, претстави можности кон кои АД ЕСМ се стреми и ги прифаќа. Начинот и динамиката на тргување на пазарот ден однапред, што од своја страна е диктирано од стратегијата за производство на електрична енергија, со цел максимизирање на профитот, оптимизација на производството и менаџирање на водните потенцијали во услови на слаба хидрологија многу пати беа теми на анализа во АД ЕСМ. Главни предизвици со кои се соочи АД ЕСМ при првите обиди за учество на пазарот ден однапред (ПДО) беа следниве:
– Точно прогнозирање за корекција на дел од договорите;
– Управување со податоци и следење во реално време;
– Нестабилност на цените и пазарна несигурност.
Првите потези на пазарот ден однапред беа со мали количества и со понуда само за продажба и тоа претежно ноќни вишоци на електрична енергија. За кратко време АД ЕСМ се вклучи и со набавување на електрична енергија со количества со кои го ‘пеглаше’ планот за наредниот ден. Со тек на врeме растеа и количествата со кои ЕСМ тргуваше.
Самиот начин на набавка на енергија преку пазарот е пофлексибилен и побрз, бидејќи се избегнува администрација која одзема многу време кога се набавува енергија за кратки периоди. Ова е ограничуваки фактор и од аспект на понудувачи и од аспект на понудени цени, кои не ретко се доста високи.
Цената на пазарот ден однапред е резултат на односот побарувачка и понуда и овој начин е наjтранспарентен. Како производител кој учествува на пазарот, целта не е само финансиска, туку и запазување договори, хидрологија, помошни услуги. Ова дополнително ја комплицира изработката на понудата за наредниот ден.
Ограничувачки фактори се количествата со кои се излегува на пазарот, флексибилните капацитети, прецизното прогнозирање и усогласување на понудите. Што му овозможува пазарот на електрична енергија на АД ЕСМ како производител?
Ако ја анализираме карактеристичната крива на цените на еден обичен работен ден ги забележуваме периодите кога расте цената и кога опаѓа. Понудата се подготвува така што во различни периоди од денот, се врши купување односно продавање на приближно исто количество на енергија.
Од Сликите 1 и 2 може да се анализира соодносот на реализираниот профит од вакво тргување на пазарот ден однапред и количествата на истргувана електрична енергија во тек на еден карактеристичен ден.

Од Сликите 1 и 2 забележуваме дека за речиси исто количество на продадена односно набавена електрична енергија, приходот од продадената енергија е речиси три пати поголем од средствата кои треба да се издвојат за набавената енергија.
Можност за менаџирање на вишоците, производството од хидроелектраните и остварување профит
На Слика 3 е претставена кривата на потреби на АД ЕСМ и распределбата на производството од термоелектрани и хидроелектрани пред учество на ПДО за задоволување на истата. Се забележува дека во утринските часови има вишоци на производство од термоелектраните, кои би оделе во систем и дека има одредено количество на електрична енергија кое би требало да биде произведено од хидроелектраните.

Со учеството на ПДО вишоците во утринските часови се продадени, планираното вкупно дневно производство е прераспределено во часовите со висока цена со набавка на енергија во евтините часови. Со ова вкупното дневно производство останува непроменето, а се остварува профит со разликата во цените на продадената и набавената електрична енергија (Слика 4).

Можност за менаџирање на производството од хидроелектрани во услови на лоша хидрологија
На слика 5 е преставена кривата на потреби за соодветниот ден и распределбата на производство од хидро и термо електрани за задоволување на истата.

За истото договорено 24 часовно количество електрична енергија од Слика 5, по завршување на пазарот на ден однапред, количествата на произведена и набавена електрична енергија на пазарот, би изгледале како на Слика 6.
Со учеството на ПДО дел од хидропроизводството е заменето со набавена електрична енергија, а со тоа се штеди водата во акумулациите. Во овој случај нема профит, а има само штедење на акумулациите.

Можност за менаџирање на производството од хидроелектрани во услови на испад на блок на термоелектрана
Во таков случај набавката на недостатокот на електрична енергија може да се врши и во услови на високи цени на енергијата. Меѓутоа, како што тоа е прикажано на Слика 7, во такви ситуации количествата на електрична енергија што се набавуваат во тие часови се сведени на минимум, за да се надомести отстапувањето. На Слика 7 гледаме дека при испад на блок на термоелектрана оди голема количина на хидроенергија, која рапидно ги празни акумулациите. Во вакви случаи не се разгледува профитот туку колку енергија може да се набави од пазарот за да ги заштедиме акумулациите.

Со учеството на пазарот тоа празнење на акумулациите сме го намалиле (Слика 8).

Ова е случај кога разгледуваниот термоблок не е на мрежа пред затворање на ПДО и има доволно време да се направи понуда за следниот ден. Доколку испадот се случи по затворање на ПДО АД ЕСМ нема алатка со која би ги надополнила недостатокот на електрична енергија за соодветниот ден и за следниот, бидејќи принципот со билатерални договори поради административни процедури е доста тромав и бара време.
Ваквите ситуации ја потврдуваат потребата од воведување на пазар во тековниот ден. Предностите на овој вид на пазар се повеќекратни, особено во контекст на подобро управување со производството и намалување на трошоците.
Неколку клучни предности се:
– Флексибилност и подобро планирање – коригирање на производството на електрична енергија зависно од новонастанатите ситуации во тековниот ден;
–Оптимизирање на производството и остварување на профит – динамичните цени во текот на денот овозможуваат да се продаде вишокот на енергија по повисоки цени кога има зголемена побарувачка, а истовремено, можат да се избегнат трошоци за отстапувања со коригирање на позициите.
Воведувањето на пазар во тековниот ден претставува значаен чекор кон зголемување на флексибилноста, ефикасноста и ликвидноста на пазарот на електрична енергија.
Овој механизам овозможува производителите на електрична енергија да ги прилагодуваат своите понуди во текот на денот во согласност со реалните производствени услови, со што се намалуваат финансиските ризици и трошоците поврзани со девијации од првично планираното производство.
МЕМО ИНФО
Македонска делегација во Белград: Фокус на регионалната енергетска соработка и европска интеграција
Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, ноември 2025
Во ноември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – ноември 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
40 учесници, 40% раст-1 динамичен пазар
Македонската берза на електрична енергија продолжува да расте и да се зацврстува. Добредојде за...
МЕМО издаде над 122 илјади Гаранции за потекло на електрична енергија за четири месеци – градиме современ енергетски пазар усогласен со европските регулативи
Пишува - Денко Рaфајловски, Раководител на Служба за обновливи извори на енергија Национален...
