Врз основа на Законот за енергетика член 116 став (3) точка 2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

За само два месеци МЕМО издаде 107.666 Гаранции за потекло на електрична енергија
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го воспостави Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија и за само два месеци издаде 107.666 гаранции.
На 26 мај, МЕМО официјално ги издаде првите Гаранции за потекло од обновливи извори на АД ЕСМ, за електрична енергија произведена од хидроенергетските капацитети. Во јуни беа издадени 56.620 гаранции за хидроцентрали, а во јули – 51.046 за фотоволтаични централи.
Сѐ поголем број компании се приклучуваат кон Регистарот, што претставува клучен чекор во градењето на транспарентен и современ енергетски пазар.
МЕМО обезбедува усогласеност меѓу националните и европските регулативи, одржувајќи сигурен и стандарден систем за издавање, пренос и активирање на Гаранциите за потекло. Станува збор за електронски документ чија цел е да им обезбеди на потрошувачите доказ дека определен удел или количина од електричната енергија е произведена од обновливи извори.
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Јули 2026
Во јули 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Ѓорѓиевски: МЕМО бележи раст на тргувањето, следуваат негативни цени и аукции на гаранции за потекло
МЕМО бележи значителен раст на тргувањето со електрична енергија во изминатите две години, а во...
ЕДНОСТАВЕН ВОДИЧ ЗА ИНДЕКСИТЕ НА ПАЗАРОТ „ДЕН ОДНАПРЕД“ НА МЕМО
Пишува: Митко Огненоски, Менаџер на организиран пазар на енергија Национален пазар на електрична...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ЈУНИ 2026
Во јуни 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Јуни 2026
Во јуни 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
