Врз основа на Законот за енергетика член 116 став (3) точка 2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

Транспарентноста не е избор – туку обврска; Државните енергетски компании со заеднички брифинг во министерството
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа брифинг за медиумите за актуелните состојби во секторот енергетика на кој свои излагања имаа министерката за енергетика Сања Божиновска и директорите на трите клучни државни енергетски компании – Лазо Узунчев (АД ЕСМ), д-р Бурим Латифи (МЕПСО) и Зоран Ѓорѓиевски (МЕМО). Овој заеднички настап беше организиран со цел да се овозможи континуиран отворен, директен и навремен одговор на сите прашања од јавен интерес поврзани со функционирањето на енергетскиот систем.

Во фокусот на брифингот беа финансиската состојба во државните компании, стабилноста на електроенергетската мрежа, тековните предизвици и чекорите што институциите ги преземаат за долгорочна сигурност во снабдувањето.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев потенцираше дека компанијата работи во комплициран финансиски контекст, со затекнати обврски и притисок од зголемените трошоци за одржување на старите капацитети, но и амбициозни планови за транзиција кон обновливи извори. Истовремено, нагласено беше дека се преземаат мерки за рационализација на трошоците, зголемување на ефикасноста во производството и унапредување на техничко-технолошките процеси во електро-енергетските производни капацитети. Состојбата на хидролошките резерви е значително подобрена во периодот април-мај. Прифатени се солидни количини вода, што поволно влијаеше резервите за производство на електрична енергија да надминат 48 проценти од вкупно расположливата зафатнина на акумулациите. Овој поволен тренд кој продолжува и во наредниот период е клучен за обезбедување на стабилност во снабдувањето со електрична енергија. Примарна цел на АД ЕСМ според Узунчев е во наредната грејна сезона да влезе со најмалку 300.000 MWh хидропотенцијал. Тоа ќе обезбеди сигурно и континуирано снабдување со електрична енергија од домашни извори, можност за брзо активирање на дополнителни капацитети во периоди на зголемена побарувачка и обезбедување на потребната флексибилност и сигурност на електроенергетскиот систем.

Директорот на МЕПСО, д-р Бурим Латифи, информираше за тековната состојба со преносната мрежа. Тој посочи дека дел од мрежата е технолошки застарена и работи под голем напонски притисок, поради што МЕПСО е во процес на модернизација на клучните трансформаторски станици и засилување на критичните делници од мрежата.

Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, ги презентираше податоците за движењата на организираниот пазар на електрична енергија и функционалноста на пазарните механизми, особено во контекст на јавните институции кои купуваат електрична енергија преку домашната берза. Дополнително, Ѓорѓиевски зборуваше за важноста од издадените Гаранции за потекло на електрична енергија, пазарно спојување или маркет каплинг како и воспоставување на интрадневниот пазар.

Министерката Божиновска ја нагласи важноста на директната комуникација со јавноста и рече дека ваквите заеднички настапи ќе станат редовна практика. „Ова е дел од нашата заложба – институциите да бидат отворени, отчетни и присутни кога има прашања и дилеми. Транспарентноста не е избор, туку обврска.“ изјави министерката.
Министерството за енергетика и енергетските компании остануваат посветени на редовно информирање на јавноста и создавање амбиент на доверба, преку вакви директни средби и јасна комуникација за сите прашања од значење за граѓаните и стопанството.
МЕМО на панел-дискусија на ФЕИТ: Ефектите од воведувањето на CBAM врз пазарот на електрична енергија
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се одржа панел-дискусија во...
Работна средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница: Напредок во реформите и интеграција со европскиот енергетски пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со директорот...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, февруари 2026
Во февруари 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –Февруари 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија достапен и на македонски јазик
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје го направи Регистарот на...
