+389 2 3281 020 info@memo.mk

МЕМО одржа работилница за воведување негативни цени на пазарот на електрична енергија

09.11.2026 | Новости

9 ноември 2026, Скопје- Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа онлајн работилница на тема „Воведување негативни цени на пазарот на електрична енергија на МЕМО“.

На работилницата учествуваа претставници на компании – учесници на пазарот, кои имаа можност подетално да се запознаат со оперативната имплементација на негативните цени во трговските платформи MATS и M7.

Во рамки на работилницата беа презентирани претстојните промени на ценовните прагови, регулаторните, техничките и оперативните барања, како и практичната примена на негативните цени и нивното влијание врз учесниците на пазарот.

Посебен акцент беше ставен на подготовката за започнување на примената, тестирањето на системите и процесите, како и активностите што треба да ги преземат учесниците за навремено и успешно прилагодување кон новиот пазарен механизам.

МЕМО продолжува со активностите за понатамошно усогласување со европските стандарди и интеграција на домашниот пазар со европскиот енергетски пазар. Во таа насока, од 19 ноември 2026 година се воведуваат и негативните цени на пазарот на електрична енергија.

Ова претставува нова пазарна реалност за учесниците и отвора дополнителни можности за поефикасно искористување на произведената електрична енергија, развој на флексибилноста, подобро управување со производството и потрошувачката, како и понатамошна интеграција со европските пазари.

Со организирањето на оваа работилница, МЕМО продолжува активно да ги поддржува учесниците на пазарот во подготовката за воведување нови пазарни механизми и во процесот на усогласување со европските стандарди и практики.

Воведувањето негативни цени претставува уште еден значаен чекор кон модернизација и понатамошен развој на македонскиот организиран пазар на електрична енергија.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This