Врз основа на Законот за енергетика член 116 став (3) точка 2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

МЕМО на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“: Презентирана компаративна анализа на пазарот ден-однапред, пред и за време на раните фази на CBAM
25 септември 2026, Струга – На Меѓународната конференција „Енергетика 2026“, во организација на Здружението на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК, Стојана Меган Милошевска, специјалист за енергетски пазари во МЕМО, презентираше труд насловен „Компаративна анализа на пазарот ден-однапред: пред и за време на раните фази на CBAM во РС Македонија“.
Трудот ја анализира состојбата и развојот на пазарот ден-однапред преку повеќе пазарни индикатори, со фокус на ценовната волатилност, пазарната ликвидност и влијанието на производството од обновливи извори врз формирањето на цените.
Анализата го опфаќа периодот 2024–2026 година и ги разгледува промените во обемот на тргување, ценовните движења и пазарната динамика во услови на енергетска транзиција и постепена примена на Механизмот за прилагодување на јаглеродната граница (CBAM).
На конференцијата учествуваат и други претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, со што се овозможува размена на знаења и искуства со домашни и меѓународни експерти и професионалната јавност од енергетскиот сектор.
Дводневната конференција ги обединува домашните и меѓународните експерти од областа на енергетиката и е посветена на актуелните предизвици, современите технологии и идниот развој на енергетскиот сектор.
Негативните цени на електричната енергија како двигател за адаптација, иновации и нови можности
Пишува: Никола Максимовски , специјалист за енергетски пазариНационален оператор на пазар на...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, октомври 2026
Во октомври 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
МЕМО одржа работилница за воведување негативни цени на пазарот на електрична енергија
9 ноември 2026, Скопје- Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –Октомври 2027
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО активно придонесува кон развојот на пазарот на електрична енергија и исполнувањето на европските стандарди
Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија за 2026 година ги нотира...
