Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
Шутиноски во Будимпешта: Посветено работиме на зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО учествуваше на дводневната најпозната конференција за тргување со електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа (ETCSEE 2024) која се одржува во Будимпешта, Унгарија.
На Панел дискусијата на тема: „Пазарно поврзување и можностите за тргување во Југоисточна Европа“, Шутиноски заедно со колегите од регионот ја истакнаа важноста и придобивките од организираното тргување со електрична енергија и сите идни проекти на македонската берза на електрична енергија со кои ќе се воведат нови сегменти на тргување согласно европските трендови
„Mакедонската берза на електрична енергија која функционира веќе една година, уште од првиот ден овозможи да се воспосостави конкурентен пазар каде компаниите и инвеститорите транспарентно и ефикасно вршат размена на понудата и побарувачката на електрична енергија во земјата. Со активно купување и продавање на електричната енергија на пазарот ден однапред, секој час во денот, расте ликвидноста на берзата на електрична енергија. Следна фаза на која интензивно работиме е поврзување со берзите на соседните земји и членки на Европската Унија. Главна цел е да го реализираме маркет каплингот со земја членка на ЕУ и да ја отвориме вратата за сите договорни страни на Енергетската заедница во начинот на спроведување на овој процес. Во таа насока МЕМО работи на два важни проекти за маркет каплинг или поврзување на берзите со соседна Бугарија и проектот подржан од УСАИД за маркет каплинг меѓу Грција, Северна Македонија, Косово и Албанија”, истакна Шутиноски и додаде дека покрај овие проекти МЕМО фокусирано работи и на воведување на нови сегменти на тргување на пазарот со електрична енергија односно воведување на организиран пазар во текот на денот (intra-day market), организиран пазар на гаранции на потекло (GO market) како и организиран пазар на билатерални договори (OTC market), со што македонската берза на електрична енергија ќе им овозможи на своите учесници повеќе сегменти на тргувањето со електрична енергија согласно европските трендови на тргување.
Шутиноски подвлече дека за реализација на маркет каплинг проектите, предуслов е усогласување на македонското законодавство со Европските регулативи за што најважно е носењето на новиот Закон за енергетика како основа за тој процес и изрази уверување дека истото ќе се реализира со што ќе се изврши транспонирањето на потребната европска легислатива, која е неопходна за пазарното поврзување.
„Доколку се донесе новиот Закон за енергетика, согласно предвидената динамика ќе продолжиме со процесите во нашите проекти и очекуваме дека првото поврзување со берза на соседна земја членка на ЕУ ќе се реализира до крајот на 2026 година, согласно планот за интеграција на проектите за пазарно спојување на берзите на електрична енергија на ЕУ. Спојувањето со берзите на соседните земји и членки на Европската Унија или маркет каплингот, овозможува директен пристап до регионалните пазари и единствениот европски пазар, а тоа значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија како и поголема флексибилност во тргувањето со електрична енергија. Важно е дека станува збор за соработка меѓу земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство, бидејќи кога сте дел на едно големо семејство на отворен пазар на електрична енергија, можностите што им се нудат на сите учесници, чинители на пазарот се многу поголеми. Самата интеграција со единствениот европски пазар на електрична енергија, кој е сочинет од пазарите на земјите членки на Европската Унија ќе ни овозможи како земја аспирант за членство во Унијата поголема пристапност до пазарите, поголема искористеност на прекуграничните капацитети на електричната енергија и транспарентни цени“, истакна Шутиноски на панел дискусијата и подвлече дека е потребна голема посветеност и работа, бидејќи станува збор за големи проекти и методологии што треба да се усогласат помеѓу операторите на електропреносните системи, берзите на електрична енергија, регулаторните тела и министерствата од земјите помеѓу кои се спроведува пазарното спојување, како и релевантните институции на ЕУ.
Во фокус на дискусиите на панел сесијата беа и најновите трендови на енергетските пазари, важноста од инвестициите во обновливи извори на енергија како и можностите за тргување со електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа.
Над 600 учесници и 50 реномирани панелисти, меѓу кои и претставници на сите берзи на електрична енергија од земјите членки на ЕУ како и на најреномираните компании за трговија со електрична енергија од Европа, учествуваа на оваа значајна конференција која ги обедини релевантните чинители од енергетскиот сектор.
Работна средба со раководството на Словенечката енергетска берза – БСП
Денеска, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ...
Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на енергија од обновливи извори кои ќе ги издава МЕМО
На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба...
Податоци за истргувана електрична енергија на македонската берза – септември 2024
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, септември 2024
Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, АВГУСТ 2024
Во август 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...