Врз основа на Законот за енергетика член 116 став (3) точка 2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

Одржавме работилница „Вовед во македонскиот организиран пазар во сегментот ден-однапред “
Ни претставува особено задоволство што можеме да споделиме вест за нашата неодамнешна работилница насловена како „Вовед во македонскиот организиран пазар во сегментот ден-однапред “, одржана на 09.03.2023 година. Настанот беше организиран во соработка со EPEX Spot и BSP SouthPool како наши даватели на услуги за пазарот на електрична енергија ден однапред и се одржа во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија. Работилницата беше емитувана и во живо преку платформата Зум, овозможувајќи им на нашите потенцијални членови на организираниот пазар да учествуваат и онлајн.
Работилницата имаше за цел да обезбеди преглед на нашиот пазар на електрична енергија ден однапред, кој планираме да започне со работа на 10-ти мај оваа година, како и вовед во платформата за тргување и платформата за клиринг. На настанот присуствуваа учесници на пазарот на електрична енергија, експерти, регулатори и други страни заинтересирани да го разберат функционирањето на пазарот ден однапред и неговото влијание врз поширокото тргување со електрична енергија во нашата земја.
На работилницата, со физичко присуство и онлајн, земаа учество повеќе од 80 учесници. Презентациите опфаќаа теми поврзани со основните карактеристики на пазарот ден однапред, како и подготовките за претстојните тестови во симулациска средина кои ќе се одржат во периодот од 13.03.2023 до 16.03.2023 година. На учесниците им беа презентирани начините на работа на клиентот за тргување ETS, обезбеден од EPEX Spot и порталот за клиринг обезбеден од BSP SouthPool.
За да ја доловиме атмосферата на работилницата во оваа вест вклучивме и неколку фотографии. Презентациите од настанот се достапни за преземање и на нашата веб-страница, а видеото од настанот наскоро ќе биде достапно и на нашиот YouTube канал.
Би сакале да им се заблагодариме на сите учесници за нивното активно учество и придонесот на работилницата. Посветени сме и понатаму да организираме слични настани со цел да промовираме споделување на знаење и да овозможиме подобро разбирање на македонскиот пазар на електрична енергија.
Презентациите може да ги преземете тука:
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – јули 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Јули 2026
Во јули 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Ѓорѓиевски: МЕМО бележи раст на тргувањето, следуваат негативни цени и аукции на гаранции за потекло
МЕМО бележи значителен раст на тргувањето со електрична енергија во изминатите две години, а во...
ЕДНОСТАВЕН ВОДИЧ ЗА ИНДЕКСИТЕ НА ПАЗАРОТ „ДЕН ОДНАПРЕД“ НА МЕМО
Пишува: Митко Огненоски, Менаџер на организиран пазар на енергија Национален пазар на електрична...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ЈУНИ 2026
Во јуни 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
