Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

МЕМО ја финализира имплементацијата на системот за аукциско тргување со Гаранции за потекло на електрична енергија
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, ја финализира имплементацијата на системот за аукциско тргување со Гаранции за потекло на електрична енергија, по едномесечен процес на подготовка.
Со воведувањето на аукциското тргување, МЕМО ги реализира предвидените чекори од Реформската агенда поврзани со воспоставувањето систем за тргување со Гаранции за потекло, како дел од процесот на усогласување со европските практики и развојот на пазарот на зелена енергија во земјата.
Аукциското тргување претставува логичен следен чекор во развојот на овој пазар, чија главна цел е да обезбеди поголема транспарентност и пазарно формирање на вредноста на Гаранциите за потекло. Наместо цената да се определува преку ограничени или билатерални договори, аукцискиот механизам ќе овозможи понудата и побарувачката директно да влијаат врз формирањето на цената.
Овој модел отвора нови можности за производителите на електрична енергија од обновливи извори, овозможувајќи им дополнително да ја валоризираат зелената компонента на произведената електрична енергија. Гаранцијата за потекло потврдува дека одредена количина електрична енергија е произведена од обновлив извор, а со развојот на пазарот таа добива и сè позначајна економска вредност.
Истовремено, аукциите ќе им овозможат на снабдувачите и компаниите појасен, потранспарентен и поконкурентен начин за набавка на овие сертификати. Тоа е особено важно за компаниите што работат на европските пазари и се соочуваат со сè поголеми барања за декарбонизација, одржливо работење и намалување на јаглеродниот отпечаток.
Воведувањето на аукциското тргување не е само нов инструмент за тргување, туку и значаен чекор кон создавање модерен и функционален пазар на зелена енергија во Македонија. Растечкиот интерес за овој сегмент го потврдува и податокот дека од април 2025 година до денес се издадени повеќе од 850.000 Гаранции за потекло.
Со воспоставувањето на аукциското тргување, МЕМО создава услови за понатамошен развој на пазарот, поголема транспарентност во тргувањето и поефикасно поврзување на производителите на зелена енергија со компаниите што сакаат да го потврдат потеклото на електричната енергија што ја користат.
ИНТЕРВЈУ за Енергетика 24 на Зоран Ѓорѓиевски: Создадовме модерен пазар на електрична енергија, подготвен за европска интеграција
Во период кога европскиот енергетски сектор поминува низ длабоки трансформации, МЕМО ДООЕЛ...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – јуни 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Реализација на целите на МЕМО во првите 6 месеци од годината
Во првата половина од годината, МЕМО ДООЕЛ Скопје продолжи со континуиран развој и модернизација...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, MAJ 2026
Во мај 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, MAJ 2026
Во мај 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
