+389 2 3281 020 info@memo.mk

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје – 31.03.2025 година

14.05.2025 | Известувања

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 29 став 1 точка 5 од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став 3) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 27.03.2025 година се донесе:

О Д Л У К А

за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП

  1. Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-2718/3 од 16.08.2022 година и Анекс 1 со арх.бр.09-4104/1 од 10.08.2023 година склучен помеѓу РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4058020536902 и EIC: 33XRENEWABLEINTO и МЕМО ДООЕЛ Скопје, РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-2718/4 од 16.08.2022 година.

Договорот престанува да важи на ден 31.03.2025 година во 24:00 часот.

  • Се брише учесникот на пазарот – РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4058020536902 и EIC: 33XRENEWABLEINTO од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  • Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
  • Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.

Образложение:

Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 16.08.2022 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4058020536902 и EIC: 33XRENEWABLEINTO.

На ден 25.03.2025 година од страна на АД МЕПСО е испратено Известување со арх. бр 09-1761 од 21.03.2025 година (АД МЕПСО арх.бр) до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ со арх.бр. 0908-3906/1 од 25.03.2025 година за раскинување на Договор за балансна одговорност со арх.бр. 09-1772/2 од 28.03.2022 година склучен помеѓу АД МЕПСО и РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје.

На ден 26.03.2025 година од страна на АД МЕПСО по електронска пошта е испратено дополнително Известување со арх. бр 09-1813 од 25.03.2025 година (АД МЕПСО арх.бр) до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ за раскинување на Договор за балансна одговорност со арх.бр. 09-1772/2 од 28.03.2022 година склучен помеѓу АД МЕПСО и РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје.

Според истото согласно член 61 став (1) точка 3 од Правила за балансирање на електроенергетскиот систем, АД МЕПСО ги раскинува договорот за балансна одговорност со РЕНУАБАЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје и истиот ќе биде избришан од регистарот на БОС на ден 31.03.2025 година.

МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 25.03.2025 година, по електронска пошта го извести  РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје дека е потребно да ја регулира балансната одговорност согласно член 20 став 7) од Правилата за пазар на електрична енергија.

До ден 27.03.2025 година учесникот не достави документ за регулирање на балансна одговорност,  МЕМО ДООЕЛ Скопје  согласно член 12 став 3) од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА:

Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.

ИЗВЕСТУВАЊА

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ГРИН ЕНЕРЏИ САПЛАЈ ДООЕЛ Скопје – 31.05.2025

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...

О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – АЛПИК ЕНЕРГИЈА СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје – 31.03.2025 година

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република...

РЕШЕНИЕ за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) (28.11.2024 година)

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...

Pin It on Pinterest

Share This