+389 2 3281 020 info@memo.mk

Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) (26.11.2024 година)

27.11.2024 | Известувања

  1. Со ова РЕШЕНИЕ се изрекува ОПОМЕНА пред суспензија, согласно член 28 став 1 точка 3) и член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, на учесникот на пазар на електрична енергија ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) со лиценца производител на електрична енергија и склучен Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 0903-8374/3 од 15.8.2024 година.
  1. Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија, рокот за отстранување на причините за Опомената, е заклучно со 28.11.2024 година.
  2. Доколку не се испочитува рокот и барањата од ова Опомена, Националениот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија на 29.11.2024 ќе донесе Одлука за суспензија која ќе стапи во сила на 30.11.2024 година во 24:00 часот.
  1. Оваа Решение стапува во сила на денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е:

Компанијата ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) со лиценца производител на електрична енергија склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 0903-8374/3 од 15.8.2024 година и EIC: 33XFORTIS-BURAK7.

На ден 05.11.2024 година, ОПЕЕ по електронска пошта го информираше учесникот ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) дека истекува балансната одговорност на ден 30.11.2024 година преземена од страна на учесникот ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА ДООЕЛ Скопје и дека е потребно најдоцна до 15.11.2024 година истата да биде регулирана

ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) без регулирана балансна одговорност го губи правото за учество на Пазарот на електрична енергија согласно член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија.

Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија во рокот зададен за отстранување на причините на Опомената (28.11.2024 година), потребно е учесникот на пазар на електрична енергија ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) да ја регулира балансна одговорност во спротивно на ден 29.11.2024 година, а согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ ќе донесе Одлука за суспензија на ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б).

ИЗВЕСТУВАЊА

РЕШЕНИЕ за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) (28.11.2024 година)

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје – снабдувач со електрична енергија

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...

Pin It on Pinterest

Share This