+389 2 3281 020 info@memo.mk

Решение за упис на Виртуелен производител – ЕСМ ПРОДАЖБА ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија

06.12.2022 | Известувања

Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 234/22) и член 12 став 1 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 02-942/2 од 15.03.2019 година, Управителот на МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 01.12.2022 година го донесе следното:

РЕШЕНИЕ

за упис на Виртуелен производител во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија

  1. Се запишува Друштвото со ограничена одговорност основано од едно лице ЕСМ ПРОДАЖБА ДООЕЛ Скопје (лиценца за снабдување со електрична енергија) со ЕДБ: 4080009508269 и EIC: 33XVIRT-ESMPRODU, Виртуелен производител во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со датум на почеток од 01.12.2022 година, согласно член 6 став 7 и член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  2. Со денот на уписот во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија, Барателот се стекнува со својство на регистриран учесник на пазарот на електрична енергија како виртуелен производител, согласно член 6 став 7 и член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  3. Ова решение стапува во сила на денот на донесувањето.
ИЗВЕСТУВАЊА

РЕШЕНИЕ за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) (28.11.2024 година)

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...

Pin It on Pinterest

Share This