Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

Од регулаторна идентификација до финансиско порамнување: Оперативна рамка и управување со процедурите и податоци на либерализираниот пазар на електрична енергија
Пишува: м-р Дејан Младеновски, раководител на пресметка на тарифа и отстапувања – МЕМО ДООЕЛ Скопје
Од вертикално интегриран систем до либерализиран пазар
Како и во повеќето земји во светот, електроенергетскиот сектор и кај нас во минатото беше вертикално интегриран и монополизиран. Една компанија беше одговорна за производство, пренос, дистрибуција и снабдување со електрична енергија, а најчесто стануваше збор за субјект во државна сопственост.
Либерализацијата на пазарот на електрична енергија започна кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите години, со премин од државни монополи кон конкурентни, пазарно ориентирани системи, со цел зголемување на ефикасноста, намалување на трошоците и проширување на изборот за потрошувачите. Пионери во овој процес беа земји како Велика Британија и Норвешка, кои спроведоа реформи за раздвојување на производството од преносот и дистрибуцијата.
Либерализацијата на пазарот на електрична енергија во Република С. Македонија започна во 2007–2008 година, согласно обврските од Договорот за Енергетска заедница потпишан во 2005 година. Процесот се одвиваше фазно – најпрво беа опфатени големите индустриски потрошувачи, потоа малите и средни претпријатија, а на крајот и домаќинствата.
Пазарот како систем заснован на податоци
Современото функционирање на пазарот на електрична енергија се темели на интензивна и брза размена на податоци за да се обезбеди постојано балансирање на понудата и побарувачката се со цел обезбедување стабилност на електроенергетската мрежа. Овие податоци се движат од тргувани кочични електрична енергија, планови за производство и потрошувачка, измерена вредност во определен временски интервал па се до долгорочни пазарни прогнози.
Регистрација за учество на пазарот на електрична енергија
Лиценца
Секој субјект што сака директно да учествува на пазарот на електрична енергија потребно е да поседува соодветна лиценца. Со неа се врши регистрација како учесник на пазарот на електрична енергија и се дефинираат неговите права и обврски во зависност од типот на дејност (производство, снабдување, тргување, агрегирање и сл.).
Секој учесник на пазарот во зависност од типот на лиценцата, има различни права и обврски, па од тука и различен обем и вид на податоци што субјектот треба да ги доставува или користи во своето работење.
EIC код – единствена идентификација на пазарот
За купување и продажба на електрична енергија, секој учесник мора да поседува EIC (Energy Identification Code), кој е уникатен код за идентификување на тој учесник. Со овој код, учесниците ги најавуваат количините на електрична енергија.
Тргуваната количина на електрична енергија може да биде:
- енергија купена со цел понатамошна продажба,
- енергија купена за крајна потрошувачка, за која има обврска за достава на план на потрошувачка, и
- енергија произведена од производител кој има обврска за достава согласно планот за производство.
Балансна одговорност
Еден од клучните предуслови за учесникот на пазар да отпочне со својата функција е регулирањето на својата балансната одговорност. Постојат два начини на кои учесниците на пазарот можат да ја регулираат својата балансна одговорност и тоа:
- самостојно да бидат балансно одговорни и да формираат сопствена балансна група, или
- да пристапат кон постоечка балансна група.
Балансната група претставува виртуелна заедница на пазарни учесници кои ги здружуваат своите производствени и потрошувачки позиции со цел оптимизирање и намалување на трошоците за отстапувања. За функционирање на балансните групи неопходни се точни и навремени податоци за најавени и реализирани количини на електрична енергија.
Мерни точки и виртуелни мерни точки
Секој учесник на пазарот на електрична енергија кој има мерни места за прием и/или испорака на електрична енергија, потребно е да поседуваат ID код на виртуелна мерна точка, во кои се претставувени мерени вредности за даден период.
Во случај кога одреден учесник на пазар е со функција агрегатор кој агрегира повеќе субјекти на пазарот на мало, податоците од повеќе физички мерни места се сублимираат во една виртуелна мерна точка.
Виртуелна мерна точка претставува сума од една или повеќе мерни точки на учецниците на пазарот на електрична енергија чии мерени податоци се сума од измерените вредностите од нивните мерни точки.
За формирање на виртуелните мерни точки, отчитување и доставување на измерните вредности, како и за целокупното функционирање на електроенергетската мрежа, одговорни се операторите на мрежните системи.
Од податоци до финансиско порамнување
Врз основа на горенаведените податоци и времињата во кој се настанати овие обврски, Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ, Скопје изготвува соодветни пресметки кој понатаму се користат за подмирување на настанатите финансиски обврски, како и за изготвување на различни извештаи кои понатаму се користат како податоци за управувањето со пазарот на електрична енергија.
Заклучок
Пазарот на електрична енергија е динамичен и високо комплексен систем во кој податоците претставуваат основа за сигурност, транспарентност и финансиска одржливост. Додека во минатото податоците служеа само за статистички анализи и фактурирање, денес тие станаа стратешки ресурс и клучна алка за функционирање на динамичниот пазар на електрична енергија. Точноста, навременоста и интегритетот на податоците се клучни за стабилно функционирање на целиот електроенергетски систем, сигурност во снабдувањето како и за доверба меѓу сите учесници на пазарот. Иднината на енергетската независност и стабилност не зависи само од инсталираните капацитети на централите, туку пред се од способноста на учесниците на пазарот на електрична енергија да ги трансформираат податоците во паметни и навремени одлуки.
МЕМО Инфо
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, МАРТ 2026
Во март 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –МАРТ 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
БСП и МЕМО: УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Интервју со Анже Предовник, извршен директор на словенечката енергетска берза БСП и претседател на...
Започна тестирањето на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market) на МЕМО
МЕМО продолжува со развојот на организираниот пазар на електрична енергија преку воведување на...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, Фeвруари 2026
Во февруари 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
