Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

МЕМО: Првиот учесник веќе е регистриран – АД ЕСМ се придружи на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market)
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, од денеска го започна процесот на регистрација на нови учесници на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). АД ЕСМ е првата компанија која официјално се регистрира на овој пазар, со што е подготвена за активно учество во првите трансакции на новиот пазарен сегмент.
„Со воведувањето на интрадеј тргувањето, отвораме ново поглавје во оптимизацијата на сопственото производство и зголемувањето на енергетската ефикасност. За нас како најголем производител, ова тргување не е само техничка новина, туку стратегиска алатка. Моменталното реагирање и вонредна набавка во денот на потребните количини на електрична енергија при неочекувани промени во дневниот план за производство или потрошувачка на електрична енергија, ќе ни овозможи поефикасно менаџирање со стабилноста на системот и остварување на подобри финансиски резултати на компанијата. Убеден сум дека интрадеј тргувањето значи силна и ликвидна берза која е столбот на модерната енергетика. Со вклучувањето на тој сегмент, МЕМО станува комплетен наш партнер и најсериозен пазарен механизам кој ги следи европските стандарди“, изјави Лазо Узунчев, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕСМ.
Генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, истакна дека интересот кај учесниците на пазарот на електрична енергија е голем и очекува нови компани со препознатливи имиња да пристапат на пазарот во наредните денови.
„На 6 мај официјално стартува пазарот во тековниот ден, што ќе овозможи поголема ефикасност во тргувањето со електрична енергија. Овој пазар ќе им обезбеди на учесниците дополнителна флексибилност, поголема прецизност во балансирањето на портфолијата и можност за тргување блиску до реалното време, што претставува суштински предуслов за модерно и ефикасно работење“, истакна Ѓорѓиевски.
Во јануари годинава, МЕМО и словенечката енергетска берза БСП го потпишаа договорот за воспоставување на пазар во тековниот ден (Intraday Market). Словенечката енергетска берза БСП и ЕПЕКС СПОТ беа избрани како економски оператори за обезбедување услуги на трговски и клиринг платформи за пазарите на електрична енергија во сегментите ден-однапред (Day-Ahead Market), кој успешно функционира од мај 2023 година, како и за имплементацијата на пазарот во тековниот ден.
Со поддршка на партнерите, Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, МЕМО продолжува посветено да развива транспарентен, сигурен и ефикасен пазар на електрична енергија, како и целосна интеграција со европскиот пазар.
CBAM ја тестира пазарната интеграција и зелените инвестиции
Пишува: Зоран Ѓорѓиевски, управител на МЕМО Овој текст одразува личен став и претставува обид...
Македонска делегација во Белград: Фокус на регионалната енергетска соработка и европска интеграција
Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања...
НОВА ЕТАПА НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАР-АД ЕСМ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ И УЧЕСНИК НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Пишува Ана Мешко, дипломиран електроинженер, Раководител за планирање и анализа на возни редови и...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, ноември 2025
Во ноември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – ноември 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
