+389 2 3281 020 info@memo.mk

Конструктивна средба помеѓу МЕМО и Меѓународната финансиска корпорација (IFC) – Групација на Светска банка

07.11.2025 | Новости

Денес во просториите на МЕМО се одржа конструктивна средба со тим на Меѓународна финансиска корпорација (IFC) дел од Групацијата на Светска банка, кој е во работна посета на нашата земја.

На состанокот на кој присуствуваше раководството на МЕМО и управителот Зоран Ѓорѓиевски, се  разговараше за тековниот развој на организираниот пазар на електрична енергија, воведувањето на интрадневниот пазар (Intraday Market) и плановите за пазарно поврзување(Market Coupling), пред сè со Грција.

Управителот на МЕМО, г. Зоран Ѓорѓиевски, истакна:

„Нашата цел е да градиме транспарентен и конкурентен пазар кој обезбедува сигурност и предвидливост. Продолжуваме активно со подготовките за почетокот на интрадневниот пазар до крајот на вториот квартал во 2026 година, како и со процесите за пазарно поврзување со соседните земји.“

Тимот на Меѓународна финансиска корпорација (IFC) изрази поддршка на активностите што МЕМО ги спроведува, особено во насока на регионална координација и енергетска трансформација.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This