Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

Амбасадата на САД со поддршка за МЕМО во развој на модерен и транспарентен пазар на електрична енергија
Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, предводена од економскиот службеник Рајан Милер, денеска оствари работна посета на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје.
На средбата, управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски заедно со раководителот на одделот за обновливи извори на енергија и организиран пазар на електрична енергија Митко Огненоски, ги информираше претставниците на Амбасадата на САД за тековните активности и идните планови на МЕМО.
Особен акцент беше ставен на иницијативите за пазарно спојување со берзите на соседните земји и членките на Европската Унија, како и на стартот на издавање Гаранции за потекло на електрична енергија од овој месец.
Ѓорѓиевски објасни дека МЕМО интегрира повеќе функции поврзани со управувањето на билатералниот пазар на електрична енергија, интеграцијата на обновливите извори на енергија и работењето на Македонската берза на електрична енергија, која успешно функционира од 2023 година.
На средбата, Милер и Јордан Дамчевски виш економист во Амбасадата на САД, изразија задоволство од нивото на долгогодишна соработка помеѓу МЕМО и Амбасадата на САД во Скопје. Оваа соработка се реализира преку заеднички активности насочени кон модернизација и развој во различни општествено-економски сектори
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, јули 2026
Во јули 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – јули 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Јули 2026
Во јули 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Ѓорѓиевски: МЕМО бележи раст на тргувањето, следуваат негативни цени и аукции на гаранции за потекло
МЕМО бележи значителен раст на тргувањето со електрична енергија во изминатите две години, а во...
ЕДНОСТАВЕН ВОДИЧ ЗА ИНДЕКСИТЕ НА ПАЗАРОТ „ДЕН ОДНАПРЕД“ НА МЕМО
Пишува: Митко Огненоски, Менаџер на организиран пазар на енергија Национален пазар на електрична...
