Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

По повод 18 години ОПЕЕ и 5 години МЕМО – Доделени плакети за придонес во развојот на македонскиот пазар на електрична енергија
Во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО, во кругот на вработените се одбележа 18 години од основањето на Операторот на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ) и 5 години од трансформацијата во Национален оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО).
За таа цел, управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски им додели плакети на колегите кои од самите почетоци во различни периоди и на различни позиции,со својата посветеност, професионализам и поддршка беа од клучно значење за развојот и успесите на Операторот на пазар на електрична енергија. Признанија им беа врачени на: Љубин Поповски, Илија Близнаковски, Елизабета Гиовска, Александар Ристовски, Кирил Ачкоски и Симон Шутиноски.
Ѓорѓиевски ја истакна важноста на секој еден, кој во својот сегмент придонел во развојот на МЕМО. Во своето работење МЕМО, интегрира повеќе функции поврзани со управувањето на пазарот со билатерални договори, интегрирањето на обновливите извори на пазарот на електрична енергија, а од 2023 година успешно работи и Македонската берза на електрична енергија.
„Продолжуваме да работиме кон натамошна модернизација на македонскиот енергетски сектор со примена на најдобрите европски практики во трговијата со електрична енергија. Посветени сме на понатамошниот развој на организираното тргување со електрична енергија преку спојување (market coupling) со берзите на соседните земји и членки на Европската унија, со што ќе се овозможи ефикасна распределба на преносните капацитети и подобрување на конкурентноста на пазарите на електрична енергија. Минатиот месец, МЕМО стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of Issuing Bodies – AIB), со што го започнавме процесот на воведување гаранции за потекло, кои ќе започнеме да ги издаваме согласно планот од почетокот на следната година. Работиме напорно на успешна имплементација на Гаранциите за потекло согласно најдобрите европски практики. Веруваме дека интересот ќе биде голем, бидејќи со Гаранциите се докажува дека енергијата потекнува од обновливи извори, што е особено важно за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар“, рече Ѓеорѓиевски и искажа благодарност на сите чинители во секторот енергетика, компаниите, домашните институции, меѓународните партнери кои даваат поддршка во работењето на МЕМО.
Како полноправен член на ‘Јуропекс’ (Europex) – Асоцијација на европски берзи на електрична енергија, МЕМО активно учествува во застапувањето на интересите на европските оператори на пазарот на електрична енергија и гас, со активно учество во работни групи, придонесувајќи во обликувањето на европската енергетска регулатива на ниво на ЕУ и на Енергетската заедница.
Линк до фото галерија
MЕМО во Брисел: Праведна транзиција и побрза интеграција во европскиот енергетски пазар
Брисел, 14 мај 2026 година – Во просториите на Европскиот парламент во Брисел се одржа значајна...
МЕМО учествуваше на Четвртиот Белградски енергетски форум: Фокус на CBAM, регионална интеграција и интрадневен пазар
11 мај 2026, Белград – Делегација на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –АПРИЛ 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Започна Интрадеј пазарот на МЕМО – ново ниво на флексибилност и ефикасност во енергетиката
6 мај 2026 година во Скопје - Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
ИНТРАДЕЈ ТРГУВАЊЕ:СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА БЕРЗАТА ЗА СТРУЈА ДОБИВААТ ОДЛИЧНА АЛАТКА ЗА КРАТЕЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ДЕБАЛАНС!
Пишува: Никола Стојанов, аналитичар Интрадеј пазарниот сегмент на нашата берза за струја ќе биде...
