Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....

Работна средба со раководството на Словенечката енергетска берза – БСП
Денеска, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа работна средба со претставници на раководството на Словенечката енергетска берза – БСП.
Интензивирање на соработката и важноста од транспонирање на европското во локалното законодавство со цел успешна интеграција во единствениот европски пазар беа во фокус на разговорите помеѓу управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски и Анже Предовник, извршен директор на БСП и на Алпско-јадранско дунавската берза за електрична енергија -АДЕКС.
Дополнително, акцентот беше ставен на безрезервната поддршка од страна на БСП за реализација на проектот во кој е вклучен МЕМО за пазарно спојување со соседните берзи. Станува збор за проектот за маркет каплинг на пазарите на Југоисточна Европа во рамки на Италијанската работна група за поврзување на пазарите преку граници (IBWT).
MEMO со поддршката на партнерите од EПEКС – една од најголемите берзи за електрична енергија во Европа и БСП, како и со поддршка од Владата, Секретаријатот на Енергетската заедница, УСАИД и сите чинители во енергетскиот сектор во земјава, прерасна во модерна компанија која ја обезбедува најдобрата европска практика во трговијата со електрична енергија.
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, СЕПТЕМВРИ 2025
Во септември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – СЕПТЕМВРИ 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО на МАКО СИГРЕ 2025
Енергетската транзиција, интеграцијата на обновливите извори на енергија, зголемената потреба од...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, август 2025
Во август 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
„МЕМО Инфо“ – електронскиот весник на Националниот оператор на пазар на електрична енергија
Со гордост го претставуваме првиот број на нашиот квартален електронски весник „МЕМО Инфо“, кој ќе...
