+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, октомври 2026

10.11.2026 | Новости

Во октомври 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 178 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 29.658 MWh.

При тоа, од 93 мали хидроцентрали, произведени се 3.673 MWh, од 78 фотоволтаични електрани произведени се 1.210 MWh, од две ветерни електрани произведени се 22.185 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 2.590 MWh.

Учеството на електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 6.56%.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 178.027 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Подетални информации на следниот линк.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This