Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО ДООЕЛ Скопје,...

МЕМО ја одржа првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија
28.10.2026-Скопје – Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, ја одржа првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија, произведена од повластени производители на електрична енергија, со што воспостави нов пазарен механизам за тргување со овој инструмент и направи значаен чекор во развојот на пазарот на зелена енергија во земјата согласно европските стандарди.
Аукцијата претставува важен чекор кон воспоставување транспарентен и конкурентен пазар, на кој вредноста на Гаранциите за потекло се формира врз основа на понудата и побарувачката. Со тоа се создаваат услови за појасно вреднување на еколошката компонента на електричната енергија и за поголеми можности производителите од обновливи извори да ја валоризираат еколошката вредност на своето производство.
На првата аукција под назив „MEMO FiT – Wind“, беа понудени 35.000 Гаранции за потекло за произведена електрична енергија од ветер, од кои беа продадени 34.000, по просечна цена од 0,35 евра.
Со одржувањето на првата аукција, МЕМО направи конкретен исчекор во реализацијата на Реформската агенда, во делот што се однесува на воспоставување систем за тргување со Гаранции за потекло. Оваа активност е со цел унапредување на пазарните механизми, зголемување на транспарентноста и усогласување со европските практики во областа на енергетиката и развојот на пазарот на зелена енергија.
Со имплементацијата во функција на системот за аукциско тргување, МЕМО придонесува кон развој на поорганизиран и поконкурентен пазар, на кој пазарните сигнали ќе овозможат пореално вреднување на Гаранциите за потекло и на еколошките придобивки од производството на електрична енергија од обновливи извори.
Гаранциите за потекло се инструмент со кој се потврдува дека одредена количина електрична енергија е произведена од конкретен извор. Нивното значење расте со зголемените потреби на компаниите за потврдување на потеклото на енергијата што ја користат, особено во контекст на декарбонизацијата и исполнувањето на целите за одржливо работење. Од април 2025 година досега, во Македонија се издадени повеќе од 850.000 Гаранции за потекло, што укажува на развојот на овој пазар и на потребата од негово понатамошно структурирање.
МЕМО продолжува со активности за унапредување на пазарната инфраструктура и развој на функционален и транспарентен пазар на зелена енергија, со цел зајакнување на конкуренцијата, подобрување на пазарните сигнали и усогласување со европските практики.
Започна тестирањето на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market) на МЕМО
МЕМО продолжува со развојот на организираниот пазар на електрична енергија преку воведување на...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, Фeвруари 2026
Во февруари 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
МЕМО одржа Јавна расправа за правилата на организираниот пазар и Работилница за Пазарот во тековниот ден (Intraday market)
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје одржа јавна расправа за...
МЕМО на панел-дискусија на ФЕИТ: Ефектите од воведувањето на CBAM врз пазарот на електрична енергија
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се одржа панел-дискусија во...
Работна средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница: Напредок во реформите и интеграција со европскиот енергетски пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со директорот...
