Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28...

МЕМО ја финализира имплементацијата на системот за аукциско тргување со Гаранции за потекло на електрична енергија
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, ја финализира имплементацијата на системот за аукциско тргување со Гаранции за потекло на електрична енергија, по едномесечен процес на подготовка.
Со воведувањето на аукциското тргување, МЕМО ги реализира предвидените чекори од Реформската агенда поврзани со воспоставувањето систем за тргување со Гаранции за потекло, како дел од процесот на усогласување со европските практики и развојот на пазарот на зелена енергија во земјата.
Аукциското тргување претставува логичен следен чекор во развојот на овој пазар, чија главна цел е да обезбеди поголема транспарентност и пазарно формирање на вредноста на Гаранциите за потекло. Наместо цената да се определува преку ограничени или билатерални договори, аукцискиот механизам ќе овозможи понудата и побарувачката директно да влијаат врз формирањето на цената.
Овој модел отвора нови можности за производителите на електрична енергија од обновливи извори, овозможувајќи им дополнително да ја валоризираат зелената компонента на произведената електрична енергија. Гаранцијата за потекло потврдува дека одредена количина електрична енергија е произведена од обновлив извор, а со развојот на пазарот таа добива и сè позначајна економска вредност.
Истовремено, аукциите ќе им овозможат на снабдувачите и компаниите појасен, потранспарентен и поконкурентен начин за набавка на овие сертификати. Тоа е особено важно за компаниите што работат на европските пазари и се соочуваат со сè поголеми барања за декарбонизација, одржливо работење и намалување на јаглеродниот отпечаток.
Воведувањето на аукциското тргување не е само нов инструмент за тргување, туку и значаен чекор кон создавање модерен и функционален пазар на зелена енергија во Македонија. Растечкиот интерес за овој сегмент го потврдува и податокот дека од април 2025 година до денес се издадени повеќе од 850.000 Гаранции за потекло.
Со воспоставувањето на аукциското тргување, МЕМО создава услови за понатамошен развој на пазарот, поголема транспарентност во тргувањето и поефикасно поврзување на производителите на зелена енергија со компаниите што сакаат да го потврдат потеклото на електричната енергија што ја користат.
МЕМО на настан на АД ЕСМ – “Ревитализација на хидроелектраните – трета фаза“
Претставници на МЕМО присуствуваа на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација...
МЕМО во Париз на работните состаноци за Гаранции за потекло, организирани од AIB – Association of Issuing Bodies
Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“: Презентирана компаративна анализа на пазарот ден-однапред, пред и за време на раните фази на CBAM
25 септември 2026, Струга – На Меѓународната конференција „Енергетика 2026“, во организација на...
МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК
24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична...
Претставници на МЕМО учествуваат на 5-тата Годишна Соларна Конференција во Скопје
23 септември 2026, Скопје – Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија,...
