Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

Претставници на МЕМО на 21. Форум на Енергетската заедница за природен гас во Виена
22 септември 2026 – Виена – Претставници на Националниот оператор на пазар наелектрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, предводени од генералниот директор Зоран Ѓорѓиевски, учествуваат на 21. Форум на Енергетската заедница, под покровителство на Европската комисија.
Форумот ги обединува претставниците на европските и регионалните институции, регулаторните тела, операторите на системи и пазарни учесници, со цел размена на искуства и дискусија за актуелните предизвици и идниот развој на европските и регионалните пазари на природен гас.

Програмата на форумот опфаќа теми поврзани со иднината на европската гасна мрежа, промените на европскиот гасен пазар, влијанието на актуелните геополитички случувања врз снабдувањето со природен гас, интеграцијата на гасните пазари, примената на мрежните кодекси, како и развојот на прекуграничната гасна инфраструктура и можностите за трговија со природен гас.
Посебно внимание се посветува на прашањата поврзани со интеграцијата на пазарите на природен гас и развојот на прекуграничната трговија, што е од особено значење за земјите од регионот и за процесот на нивно поврзување со европскиот енергетски пазар.
Учеството на претставниците на МЕМО на овој форум е во функција на размена на искуства и стекнување дополнителни сознанија за европските и регионалните модели на организација и функционирање на пазарите на природен гас. Ова е особено значајно во контекст на одлуката на Владата со која МЕМО се задолжува за воспоставување на пазарот на природен гас во нашата земја. МЕМО треба да изготви и достави сеопфатен план кој ќе ги опфати организациските, техничките, ИТ, легислативните и финансиските аспекти неопходни за воспоставување и функционирање на новата пазарна функција.
Правната рамка за организирање и управување со пазарот на природен гас како регулирана енергетска дејност од јавен интерес е поставена со Законот за енергетика во 2018 година. Во меѓувреме, преку формирањето на МЕМО успешно е воспоставен и оперативен пазарoт на електрична енергија, со што компанијата стекна искуство и капацитети во организирањето и управувањето со енергетски пазари. При определувањето на моделот за воспоставување на операторот на пазарот на природен гас беа разгледани различни европски и регионални искуства, од целосно либерализирани системи до хибридни модели. Анализите покажаа дека воспоставувањето на нов, посебен субјект би барало подолг период за имплементација, како и дополнителни административни и оперативни ресурси.
МЕМО веќе располага со функционална ИТ-платформа, систем за пазарно порамнување и институционално искуство во управувањето со енергетски пазари. Преземањето на надлежностите поврзани со пазарот на природен гас овозможува користење на постојните капацитети и создавање интегриран модел на оператор на пазарите на електрична енергија и природен гас.
Посетата и учеството на 21. Форум на Енергетската заедница за природен гас претставуваат можност за МЕМО да ги следи најновите европски и регионални практики, да разменува искуства со релевантните институции и оператори и да ги согледа техничките, регулаторните и пазарните аспекти кои се од значење за претстојниот процес на воспоставување на оператор на пазарот на природен гас во Македонија.
МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК
24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична...
Претставници на МЕМО учествуваат на 5-тата Годишна Соларна Конференција во Скопје
23 септември 2026, Скопје – Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија,...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, август 2026
Во август 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Рекорден обем на тргување на Македонската берза на електрична енергија во август 2026 година
Македонската берза на електрична енергија забележа рекорден обем на тргување во август 2026...
МЕМО ДООЕЛ Скопје на состанок во Министерство за енергетика рударство и минерални суровини
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, учествуваше на состанок...
