+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Август 2026

09.09.2026 | Новости

Во август 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 178 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 17.388 MWh.

При тоа, од 93 мали хидроцентрали, произведени се 3.842 MWh, од 78 фотоволтаични електрани произведени се 1.963 MWh, од две ветерни електрани произведени се 8.806 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 2.777 MWh.

Учеството на електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 3.67%.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 178.027 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Подетални информации на следниот линк.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This