Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – јули 2026

07.08.2026 | Новости

Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, за тргување со електрична енергија ден однапред, во месец јули истргувани се вкупно 150.360,8 MWh по просечна цена од 6.517,4 денари или 105,83 евра/MWh.

Дневно, во месец јули, просечно е истргувана електрична енергија од 4.850,3 MWh.

За време на дневниот пик, во период од 09:00 до 20:00 часот истргувани се 3.053,2 MWh електрична енергија, по просечна цена од 4.521,9 денари или 73,4 евра/ MWh.

Повеќе информации на следниот линк.

НОВОСТИ

МЕМО на МАКО СИГРЕ 2025

Енергетската транзиција, интеграцијата на обновливите извори на енергија, зголемената потреба од...

Pin It on Pinterest

Share This