ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, АПРИЛ 2026

18.05.2026 | Новости

Во април 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 177 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 63.164 MWh.

При тоа, од 92 мали хидроцентрали, произведени се 40.995 MWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.585 MWh, од две ветерни електрани произведени се 19.184 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 1.400 MWh.

Учеството на електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 12.59 %.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.793 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Подетални информации на следниот линк.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This