Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

МЕМО одржа Јавна расправа за правилата на организираниот пазар и Работилница за Пазарот во тековниот ден (Intraday market)
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје одржа јавна расправа за Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија, како и работилница посветена на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), чиј почеток е планиран за 6-ти Мај годинава.
На настанот учествуваа претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО, ЕВН, ЕСМ, како и компании – снабдувачи, трговци и производители на електрична енергија. Присуството на сите релевантни чинители овозможи конструктивна дискусија и размена на мислења за клучните аспекти од функционирањето на организираниот пазар.
Настанот го отвори директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, кој ја истакна посветеноста на институцијата кон развој на ефикасен, транспарентен и конкурентен пазар на електрична енергија, во согласност со европските практики и стандарди.

„Воспоставувањето на пазарот во тековниот ден е од клучно значење за зголемување на флексибилноста и ефикасноста на тргувањето со електрична енергија, особено во услови на зголемено учество на обновливите извори. Овој пазар им овозможува на учесниците навремено да ги прилагодат своите позиции, што директно придонесува кон намалување на дебалансите и оптимизација на трошоците“, истакна Ѓорѓиевски.
Во своето обраќање тој посочи и дека во јануари годинава е потпишан договор со словенечката енергетска берза BSP Energy Exchange, како избран економски оператор за обезбедување услуги на трговска платформа и клиринг за пазарите ден-однапред и во тековниот ден.
За Правилата за работа на организираниот пазар говореше Митко Огненоски, раководител на оддел за обновливи извори на енергија и организиран пазар на електрична енергија, истакна дека тие ги уредуваат условите за тргување, клиринг и порамнување, како и оперативните правила, кодексот на однесување и процесот на регистрација на учесници, со цел обезбедување високо ниво на транспарентност, сигурност и ефикасност на пазарот.

Во рамки на работилницата, претставниците на BSP, Матеј Годец и Таи Каштрун, го презентираа софтверското решение кое овозможува тргување во речиси реално време, како и практичните аспекти од функционирањето на пазарот во тековниот ден.

Овие активности се дел од пошироките напори за понатамошен развој и интеграција на македонскиот пазар на електрична енергија во регионалниот и европскиот пазар, во пресрет на официјалното стартување на Intraday пазарот во мај годинава.

МЕМО на состанок во Влада на Секторската работна група за енергетика
Денес во Владата се одржа состанок со Секторската работна група за енергетика, на кој присуствуваа...
МЕМО одржа јавна расправа и ги претстави новите Правила за учество на пазарот на електрична енергија
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа презентација и...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, октомври 2025
Во октомври 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Конструктивна средба помеѓу МЕМО и Меѓународната финансиска корпорација (IFC) – Групација на Светска банка
Денес во просториите на МЕМО се одржа конструктивна средба со тим на Меѓународна финансиска...
ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ОРГАНИЗИРАНИОТ ПАЗАР ВО СЕГМЕНТОТ „ДЕН-ОДНАПРЕД“
Пишува - Митко Огненоски, Раководител на Оддел за обновливи извори на енергија и организиран пазар...
