Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –јануари 2026

05.02.2026 | Новости

Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, за тргување со електрична енергија ден однапред, во месец јануари истргувани се вкупно 153.028,7 MWh по просечна цена од 7.545,44 денари или 122,55 евра/MWh.

Дневно, во месец јануари, просечно е истргувана електрична енергија од 4.936,4  MWh.

За време на дневниот пик, во период од 09:00 до 20:00 часот истргувани се 2.546,9 MWh електрична енергија, по просечна цена од 8.485,1 денари или 137,8 евра/ MWh.

Повеќе информации на следниот линк.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This