Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

Влијанието на сончевата енергија на пазарот ден однапред: Пристап базиран на анализа на податоци
Пишува: Ана Ангелова, експерт за пазарни операции
Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје
Вовед
Во последните години сме сведоци на голема експанзија во искористувањето на обновливите извори на енергија. Соларната енергија игра особено важна улога, затоа што претставува чист, достапен и неисцрпен ресурс. Со тоа се намалува зависноста од фосилни горива, а воедно и негативното влијание врз животната средина. Но, ова носи и нови предизвици. За разлика од традиционалните извори како јагленот или гасот, кои можат да се контролираат и планираат, сончевата енергија зависи од временските услови и должината на денот. Тоа создава дополнителни тешкотии при балансирањето на електроенергетскиот систем.
Цел на трудот
Анализата има за цел да ги прикаже сезонските трендови и да ја истакне корелацијата помеѓу производството од фотоволтаични централи, потрошувачката, истргуваната количина на пазарот ден однапред и постигнатата цена земајќи во предвид дека пазарот ден однапред работи во изолиран режим т.е не е споен со ниту еден друг пазар.
Користени се официјални пазарни податоци за целата 2024 година, кои се однесуваат на часови во кои ефикасноста на фотоволтаичните централи е над 30%.
Резултати од анализата
Она што се забележуваа е јасно изразена сезонска динамика: Потрошувачката на електрична енергија, останува релативно стабилна во текот на целата година, со мали намалувања во пролетните и летните месеци. За разлика од тоа, производството од фотоволтаични централи, следи јасно изразен сезонски образец, достигнувајќи го врвот во летните месеци, поради зголемена сончева радијација и подолго траење на денот.
Најниско ниво на произвоство од фотоволтаични централи се забележува во зимските месеци, особено во декември и јануари. Со растење на произведената електрична енергија од фотоволтаични централи, расте и истргуваната количина на пазарот ден однапред.
Цените се најниски во април, период кој може да се поврзе со поблаги временски услови, помал конзум и зголемено производство на енергија од фотоволтаични централи. Сепак, од летните месеци понатаму, особено во зимските, цените започнуваат да растат и достигаат пик во ноември. Пикот на цените на пазарот ден однапред во месец ноември се совпаѓа со период на ниско производство на електрична енергија од фотоволтаични централи и зголемен конзум.
Зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаични централи е поврзано со пониски цени, додека ниското производство доведува до повисоки пазарни цени, со што се потенцира влијанието на достапноста на обновливи извори врз формирањето на цената. Трендот укажува дека енергетските политики треба да се насочат кон решавање на слабостите во зимскиот период и искористување на потенцијалот на соларната енергија во лето.
Можни решенија
Со зголемено учество на обновливи изври, особено енергијата произведена од фотоволтаични системи, се јавува потреба од подобра интеграција на овие извори во електроенергетскиот систем.
Неколку клучни механизми се издвојуваат како приоритетни:
Флексибилни пазарни механизми
• Интеграција на краткорочни пазари (15-минутни интервали): Овозможува побрза реакција на пазарот на промените во производството и побарувачката;
• Воведување на пазар во текот на денот: Овозможува подобро оптимизирање на портфолиото на учесниците;
• Динамични тарифи: Поттикнување на потрошувачите да користат енергија во периоди каде има најголемо производство на електрична енергија од фотоволтаични централи;
• Гаранции на потекло: Загарантирано потекло на енергијата што ја користат крајните корисници, намалување на јаглероден отпечаток и отварање на нови бизнис можности за производителите;
Технологии за складирање на енергија
• Батериски системи: Складирање на вишок енергија и користење во вечерни часови;
• Хидроакумулациони системи: Користење на пумпна енергија како големи батерии; Дополнително, хармонизацијата со европската енергетска рамка е од суштинско значење. Северна Македонија, како земја потписничка на Енергетската заедница, е правно обврзана да го усогласи својот пазар со правилата на ЕУ.
Дополнително, хармонизацијата со европската енергетска рамка е од суштинско значење. Северна Македонија, како земја потписничка на Енергетската заедница, е правно обврзана да го усогласи својот пазар со правилата на ЕУ.
Тоа вклучува:
• Усвојување на мрежни кодекси развиени од ENTSO-E, кои овозможуваат техничка хармонизација, интерконекција и флексибилност;
• Спроведување на пазарно спојување (пазар ден однапред и пазар во текот на денот) со единствениот Европски пазар, со што се овозможува поголема ликвидност и интеграција на обновливи извори;
• Воведување на паметни мерни уреди;
• Имплементирање на соодветни финансиски механизми како Contract for Difference (CfD) и Power Purchase Agreement (PPA) договори;
МЕМО ИНФО
НОВА ЕТАПА НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАР-АД ЕСМ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ И УЧЕСНИК НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Пишува Ана Мешко, дипломиран електроинженер, Раководител за планирање и анализа на возни редови и...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, ноември 2025
Во ноември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – ноември 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
40 учесници, 40% раст-1 динамичен пазар
Македонската берза на електрична енергија продолжува да расте и да се зацврстува. Добредојде за...
МЕМО издаде над 122 илјади Гаранции за потекло на електрична енергија за четири месеци – градиме современ енергетски пазар усогласен со европските регулативи
Пишува - Денко Рaфајловски, Раководител на Служба за обновливи извори на енергија Национален...
