+389 2 3281 020 info@memo.mk

пазар на ее

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Национален оператор на пазар на електрична енергија

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Целта на оваа политика за приватност е да Ве информира во однос на личните податоци кои Национален оператор на пазар на електрична енергија – Мемо (во натамошниот текст „контролорот“) во рамки на своите деловни активности ги обработува за вас. Конторлорот ја изготвува оваа политика за приватност за да ве известува за обработката на вашите лични податоци при пристапување на нашата веб страница https://www.memo.mk/. Нашата веб страница претставува страна која ве информира за нашата основна дејност и нашите активности Истата н претставува платформа за собирање на лични податоци. Врз основа на Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст „законот“) при собирање на Вашите лични податоци, ние дејствуваме како контролор и за обработката на истите сме должни да ве информираме. Обработката на вашите лични податоци претставува многу сериозна активност за нас и ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на обработката на вашите лични податоци. Воедно, при обработка на Вашите лични податоци секогаш се водиме од начелата поврзани со обработката на личните податоци, предвидени во законот.

Оваа политика се однесува на посетители на нашата веб страница.

Кои сме ние?

Контролор:

Назив: Национален оператор на пазар на електрична енергија – Мемо
Адреса: Максим Горки бр.12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Контакт тел: +389 2 3281 020
Контакт маил: info@memo.mk
Контакт за овластено лице за заштита на личните податоци односно – Офицер: marija.mustrik@memo.mk

Категории на субјекти на личните податоци

Ние како контролор за исполнување на нашите законски обврски, договорни обврски, за нормално функционирање на компанијата, исполнување на целите на проектот, како и во согласност со природата на работењето на компанијата, ги обработуваме личните податоци на следниве категории на субјекти на личните податоци:

– Посетители на веб страницата – податоци за навигација, односно неопходни колачиња за нормално функционирање на веб страницата

Како ги собираме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци кои ги обработуваме односно собираме за вас како посетители на нашата веб страна, за време на вашата посета во нашата веб страна се податоци за

навигација односно неопходни колачиња за нормално функционирање на нашата веб страница.

Веб страницата ви нуди можност да поднесете барање за слободен пристап до информации од јавен карактер со поднесување на име, емаил адреса и порака. Оваа обработка е врз основа на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Нашата веб страница ви нуди можност да се зачлените за добивање на најновите вести со тоа што можете да се зачлените со вашата е-маил адреса и во секое време да се отчлените да не добивате понатамошни пораки.

Исто така, веб страницата ја користиме и за информирање на јавноста со соопштенија, активности, како и податоци за контакт (адреса на компанијата, телефонски број, маил и информациии за офицерот за заштита на личните податоци).

Посетители на нашата веб страница:

При посетата на на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

· Вашата интернет протокол (IP) адреса.

· Уредот од кој пристапувате, вид и модел.

· Вашиот оперативен систем.

· Видот на пребарувачот, plugins и верзија.

· Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна.

· URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете нашата веб страна.

· Јазикот на пребарувачот кој го користите.

· Држава (се одредува преку IP адресата).

Веб собира исклучиво колачиња кои се неопходни за функционирање на веб страницата, и ние како контролор воопшто не ги користиме колачињата за други намени.

Споделување на лични податоци

Личните податоци на корисници на нашата веб страница не се споделуваат со трети страни.

Откривање на лични податоци

Личните податоци кои ги обработуваме се откриваат само врз основа на писмено барање од овластени лица врз основа на закон.

Доколку контролорот ангажира обработувач, истото го врши со целосно почитување на член 32 од Законот за заштита на личните податоци, и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на обработката на личните податоци. При избор обработувач компанијата има донесено процедура за избор на обработувачи, која како критериум за избор го предвидува и нивото на усогласување со законот за заштита на личните податоци.

Безбедност на личните податоци

Компанијата ги презема сите технички и организациски мерки за обебзедување на безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот на правата и слободите на субјектот на личните податоци. Компанијата вложува посебни напори и средства за обука за заштита на личните податоци на вработените, а посебно на офицерот за заштита на личните податоци. Податоците во хартиена верзија се чуваат во посебни простории и пристапот е ограничен само на овластените лица. Податоците во електронска верзија се обработуваат во апликации кои се користат на ниво на компанијата, во кој исто така е ограничен пристапот и се преземени сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

· право да бидете информирани за обработката на личните податоци

· право на пристап до личните податоци

· право на исправка и бришење на личните податоци

· право на ограничување на обработката на личните податоци

· право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.

Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган

Доколку сметате дека компанијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, можете да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. Веб страна: https://azlp.mk/

Pin It on Pinterest

Share This