+389 2 3281 020 info@memo.mk

ОДЛУКА за времена суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје – 28.11.2025 година

28.11.2025 | Известувања

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28 став 1 точка 4 и став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 28.11.2025 година се донесе:

ОДЛУКА

за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија

  1. Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија, со ЕДБ: 4057023568574, од пазарот на електрична енергија, поради несклучен билатерален договор за набавка на електрична енергија со почеток од 01.12.2025 година а истовремено е активен снабдувач со електрична енергија
  2. Времетраењето на суспензијата започнува од 01.12.2025 година и важи до отстранување на причините за истата но не подоцна од  28.02.2026 година.
  • Доколку во периодот наведен во точка 2 од Одлуката учесникот не ги отстрани причините за изречената суспензија Договорот за учество на пазарот на електрична енергија престанува да важи на ден 28.02.2026 година.
  1. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
  2. Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршување.

О б р а з л о ж е н и е:

Друштвото за трговија со електрична енергија ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија и EIC: 33XGREENGRID-MK3 склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-7364/1 од 29.07.2024 година.

На ден 28.11.2025 година од страна на ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје  по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување дека снабдувачот нема активен склучен билатерален договор за набавка на електрична енергија за испорака до своите снабдувани потрошувачи со почеток од 01.12.2025 година заради финансиски потешкотии и нема намера да продолжи со снабдување на своите потрошувачи.

Врз основа на ова Известување, а согласно член 28 став 1 точка 4 и став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија МЕМО Донесе ОДЛУКА за времена суспензија на учесникот ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје .

МЕМО ДООЕЛ Скопје со оваа Одлуката за суспензија дава можност учесникот на пазар на електрична енергија доколку ги отстрани причините за суспензијата пред завршување на периодот, Суспензијата да биде запрена и да отпочне со активно учество на пазарот на електрична енергија.

ИЗВЕСТУВАЊА

Pin It on Pinterest

Share This