Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

МЕМО на состанок во Влада на Секторската работна група за енергетика
Денес во Владата се одржа состанок со Секторската работна група за енергетика, на кој присуствуваа претставници на МЕМО, сите клучни институции и меѓународни партнери. Состанокот го водеше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници на Делегацијата на ЕУ.
Целта на состанокот беше да се потврдат резултатите и динамиката на енергетските реформи, кои влегуваат во забрзана фаза.
МЕМО континуирано работи на развој на стабилен и конкурентен пазар на електрична енергија, подготвен за интеграција со европскиот пазар.
Паралелно се финализираат подготовките за старт на Intraday Market, кој се очекува да стане оперативен до крајот на вториот квартал во 2026 година. Во тек е и развојот на системот за Гаранции на потекло, како и дигитализацијата на процесите за билатерално тргување – со цел поголема транспарентност, сигурност и доверба на пазарот.
Заклучокот од состанокот: реформите се движат напред со јасен план, силни партнери и навремено исполнување на роковите.
МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК
24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична...
Претставници на МЕМО учествуваат на 5-тата Годишна Соларна Конференција во Скопје
23 септември 2026, Скопје – Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија,...
Претставници на МЕМО на 21. Форум на Енергетската заедница за природен гас во Виена
22 септември 2026 – Виена - Претставници на Националниот оператор на пазар наелектрична енергија –...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, август 2026
Во август 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Рекорден обем на тргување на Македонската берза на електрична енергија во август 2026 година
Македонската берза на електрична енергија забележа рекорден обем на тргување во август 2026...
