Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

Конструктивна средба помеѓу МЕМО и Меѓународната финансиска корпорација (IFC) – Групација на Светска банка
Денес во просториите на МЕМО се одржа конструктивна средба со тим на Меѓународна финансиска корпорација (IFC) дел од Групацијата на Светска банка, кој е во работна посета на нашата земја.
На состанокот на кој присуствуваше раководството на МЕМО и управителот Зоран Ѓорѓиевски, се разговараше за тековниот развој на организираниот пазар на електрична енергија, воведувањето на интрадневниот пазар (Intraday Market) и плановите за пазарно поврзување(Market Coupling), пред сè со Грција.
Управителот на МЕМО, г. Зоран Ѓорѓиевски, истакна:
„Нашата цел е да градиме транспарентен и конкурентен пазар кој обезбедува сигурност и предвидливост. Продолжуваме активно со подготовките за почетокот на интрадневниот пазар до крајот на вториот квартал во 2026 година, како и со процесите за пазарно поврзување со соседните земји.“
Тимот на Меѓународна финансиска корпорација (IFC) изрази поддршка на активностите што МЕМО ги спроведува, особено во насока на регионална координација и енергетска трансформација.
МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК
24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична...
Претставници на МЕМО учествуваат на 5-тата Годишна Соларна Конференција во Скопје
23 септември 2026, Скопје – Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија,...
Претставници на МЕМО на 21. Форум на Енергетската заедница за природен гас во Виена
22 септември 2026 – Виена - Претставници на Националниот оператор на пазар наелектрична енергија –...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, август 2026
Во август 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Рекорден обем на тргување на Македонската берза на електрична енергија во август 2026 година
Македонската берза на електрична енергија забележа рекорден обем на тргување во август 2026...
