Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје (01.08.2025 – 31.10.2025)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28 став 6 и член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став 3 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 30.07.2025 година се донесе:
ОДЛУКА
за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија
- Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија, со ЕДБ: 4080020590260, од пазарот на електрична енергија, поради непочитување на Правилата за пазар на електрична енергија односно нерегулирана балансна одговорност.
- Времетраењето на суспензијата започнува од 01.08.2025 година и важи до отстранување на причините за истата но не подоцна од 31.10.2025 година.
- Доколку во периодот наведен во точка 2 од Одлуката учесникот не ги отстрани причините за изречената суспензија, согласно член 29 точка (1) став 3) од Правилата за пазар на електрична енергија, Договорот за учество на пазарот на електрична енергија престанува да важи на ден 31.10.2025 година.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
- Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршување.
О б р а з л о ж е н и е:
Друштвото за трговија со електрична енергија АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија и EIC: 33XMKAOTENERGY1G склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-6203/1 од 24.10.2023 година и Анекс 1 со арх.бр.09-9428/2 од 23.09.2024 година.
На ден 23.07.2025 година од АД МЕПСО Скопје по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување со арх бр во АД МЕПСО 09-4226 од 17.07.2025 година, и во МЕМО со арх бр. 09-9942/1 од 23.07.2025 година, според кое Договорот за балансна одговорност потпишан помеѓу АД МЕПСО Скопје и АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со архивски број 09-2710/2 од 16.05.2022 година се смета за раскинат на 01.08.2025 година во 00:00 часот.
Врз основа на ова Известување, а согласно член 28 став 3 и 4 од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ – МЕМО ДООЕЛ, на ден 24.07.2025 година, на учесникот на пазар на електрична енергија АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје му изрече Опомена пред суспензија со арх. бр. 0906-9990/1, во кое му укажа на учесникот дека со раскинувањето на Договорот за балансна одговорност со ОЕПС – АД МЕПСО, останува без регулирана балансна одговорност односно го губи правото за учество на пазарот на електрична енергија и му даде рок заклучно со 29.07.2025 година да ги отстрани причините за опомената.
Учесникот на пазар на електрична енергија, АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, не постапи по барањето на ОПЕЕ нотирано во Опомената за суспензија, односно до рокот кој е наведен да ја регулира балансната одговорност со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
МЕМО ДООЕЛ Скопје со оваа Одлуката за суспензија дава можност учесникот на пазар на електрична енергија доколку ги отстрани причините за суспензијата пред завршување на периодот, Суспензијата да биде запрена и да отпочне со активно учество на пазарот на електрична енергија.
ПРАВНА ПОУКА: Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.
Решение за упис на Виртуелен производител – УНИВЕРЗАЛ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕНЕРЏИ АКТИВЕ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – МИСТ ЕНЕРЏИ ЕКО ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕДС АД Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
