Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – АЛПИК ЕНЕРГИЈА СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје – 31.03.2025 година
Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 12 точка 2) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија, член 29 став 1 точка 2) од Правилата за пазар на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје -Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 20.01.2025 година се донесе:
О Д Л У К А
за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр.10-688/1 од 13.02.2020 година склучен помеѓу АЛПИК ЕНЕРГИЈА СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4030006583904 и EIC: 33XATEL-SKOPJE-9 и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-688/2 од 20.02.2020 година.
Договорот престанува да важи на ден 31.03.2025 година во 24:00 часот.
- Се брише учесникот на пазарот – АЛПИК ЕНЕРГИЈА СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4030006583904 и EIC: 33XATEL-SKOPJE-9 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
Образложение:
Операторот на пазар на електрична енергија на ден 13.02.2020 година година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со АЛПИК ЕНЕРГИЈА СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4030006583904 и EIC: 33XATEL-SKOPJE-9.
На ден 14.01.2025 година, учесникот на пазарот на електрична енергија АЛПИК ЕНЕРГИЈА СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје достави Барање со арх.бр.0903-687/1 за повлекување од пазарот на електрична енергија со наведен датум за престанок заклучно со 31.03.2025 година.
МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ на ден 20.01.2025 година согласно член 12 точка 2) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 29 став 1 точка 2) од Правилата за пазар на електрична енергија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ОПОМЕНА ПРЕД СУСПЕНЗИЈА ЗА НЕСКЛУЧЕН БИЛАТЕРАЛЕН КУПОПРОДАЖАН ДОГОВОР ( 17.11.2023 ГОДИНА) – ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје ( 29.09.2023 )
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност ( 22.09.2023 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Membership on the organized electricity market – day ahead market
Here you can find the Rules for operation of the organized electricity market, which have been...
Учество на организираниот пазар на електрична енергија – пазар ден однапред
Во продолжение може да ги симнете Правилата за работа на организираниот пазар на електрична...
