Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, декември 2024
Во декември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, за задоволување на вкупната потрошувачка во Република Северна Македонија, реализирани се трансакции на учесниците на пазарот на електрична енергија односно бруто-конзум, во висина од 775 GWh.
За задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-конзумот, продадена е електрична енергија од 595 GWh и тоа 63 % на тарифни потрошувачи снабдувани преку универзалниот снабдувач, 31% на снабдувани потрошувачи и 6% на потрошувачи регистрирани на пазарот на електрична енергија на големо.
На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 540 GWh, од кои ЕСМ со 327 GWh, поточно со 61%, учествуваат со најголем процент, потоа следат независните производители со 147 GWh или 27%, виртуелни производители со 31 GWh односно 6% и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 35 GWh односно 6%.
Од сопственото производство 85% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 458 GWh, а 15% односно 82 GWh се деклариран извоз.
Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 432 GWh, каде нето транзитот е 413 GWh, а контратрејдингот е 19 GWh.
Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753
МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК
24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична...
Претставници на МЕМО учествуваат на 5-тата Годишна Соларна Конференција во Скопје
23 септември 2026, Скопје – Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија,...
Претставници на МЕМО на 21. Форум на Енергетската заедница за природен гас во Виена
22 септември 2026 – Виена - Претставници на Националниот оператор на пазар наелектрична енергија –...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, август 2026
Во август 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Рекорден обем на тргување на Македонската берза на електрична енергија во август 2026 година
Македонската берза на електрична енергија забележа рекорден обем на тргување во август 2026...
