Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
РЕШЕНИЕ за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) (28.11.2024 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став 5) од Правилата за пазар на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје со бр.0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 28.11.2024 година се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност
- Со ова РЕШЕНИЕ се запира постапката пред суспензија, согласно член 28 став (5) и член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, на учесникот на пазар на електрична енергија ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) со лиценца производител на електрична енергија и склучен Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 0903-8374/3 од 15.8.2024 година.
- Согласно член 28 став (4) и (5) од Правилата за пазар на електрична енергија, учесникот го испочитува рокот и ја отстрани причината за Опомената за суспензија заклучно со 28.11.2024 година да ја регулира балансната одговорност со почеток од 01.12.2024 година.
- Оваа Решение стапува во сила на денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
Компанијата ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) со лиценца производител на електрична енергија склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 0903-8374/3 од 15.8.2024 година и EIC: 33XFORTIS-BURAK7.
На ден 05.11.2024 година, ОПЕЕ по електронска пошта го информираше учесникот ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) дека истекува балансната одговорност на ден 30.11.2024 година преземена од страна на учесникот ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА ДООЕЛ Скопје и дека е потребно најдоцна до 15.11.2024 година истата да биде регулирана
ОПЕЕ на ден 26.11.2024 година донесе РЕШЕНИЕ за опомена пред суспензија со арх.бр. 0906-13049/1 за нерегулирана балансна одговорност со почеток од 01.12.2024 година и постави рок учесникот да ги отстрани причините заклучно со 28.11.2024 година.
На ден 28.11.2024 година учесникот на пазарот на електрична енергија ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА ДООЕЛ Скопје со EIC: 33XGEN-I-ENERGYT и лиценца снабдувач со електрична енергија, достави Барање за преземање балансна одговорност со арх.бр. 0903-13109/1 за учесникот ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) со почеток од 01.12.2024 до 31.12.2024 година.
ОПЕЕ донесе ОДЛУКА за преземање балансна одговорност со арх.бр. 0903-13109/2 од 28.11.2024 година од балансно одговорната страна ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА ДООЕЛ Скопје за учесникот ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) и постапи како во диспозитивот на ова РЕШЕНИЕ.
Решение за упис на Виртуелен производител – УНИВЕРЗАЛ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕНЕРЏИ АКТИВЕ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – МИСТ ЕНЕРЏИ ЕКО ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕДС АД Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
