Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на енергија од обновливи извори кои ќе ги издава МЕМО
На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на електрична енергија со која се отвора патот кон издавање на Гаранции на потекло (Guarantees of origin – GOs) од страна на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО.
Гаранција за потекло е електронски документ чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е производена од обновливи извори на енергија. Овие гаранции за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошка одговорно, транспарентност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар.
Гаранциите за потекло се од огромна важност особено за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар кои ќе можат да докажат дека во оперативниот процес користат чиста енергијата т.е. енергија од обновливи извори, а со тоа го намалуваат јаглеродниот отпечаток.
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување.
Во изминатиот период МЕМО, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, стана член – набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of issuing bodies – AIB) која е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност преку стандардизација на гаранциите за потекло.
МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК
24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична...
Претставници на МЕМО учествуваат на 5-тата Годишна Соларна Конференција во Скопје
23 септември 2026, Скопје – Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија,...
Претставници на МЕМО на 21. Форум на Енергетската заедница за природен гас во Виена
22 септември 2026 – Виена - Претставници на Националниот оператор на пазар наелектрична енергија –...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, август 2026
Во август 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Рекорден обем на тргување на Македонската берза на електрична енергија во август 2026 година
Македонската берза на електрична енергија забележа рекорден обем на тргување во август 2026...
