Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, MAJ 2024
Во мај 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 406,941 GWh.
ЕСМ со 246,659 GWh, учествува со најголем процент од 60,6%, потоа следуваат виртуелни производители со 67,393 GWh односно 16,6% , повластените производители на електрична енергија со 47,529 GWh односно 11,7% и независните производители со 42,454 GWh односно 10,4%.
Од сопственото производство 85% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 345,832 GWh, а 15% односно 61,082 GWh е деклариран извоз.
Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 432,591 GWh, каде од сопственото производство е продадено 345,859 GWh односно 80 % а од увоз е 86,732 GWh односно 20 %.
За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби, поточно нето-конзумот продадена е електрична енергија од 391,250 GWh и тоа 57,4 % на тарифни потрошувачи, 33,5% на снабдувани потрошувачи, и 9,1 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.
Загубите во електроенергетскиот систем се 41,313 GWh односно 9,6 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 527,029 GWh, каде нето транзитот е 469,327 GWh, а контратрејдингот е 57,701 GWh.
Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753
Второ издание на електронскиот весник „МЕМО Инфо“
Во фокус на второто издание на електронскиот весник „МЕМО Инфо“ на Националниот оператор на пазар...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, НОЕМВРИ 2025
Во ноември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
CBAM ја тестира пазарната интеграција и зелените инвестиции
Пишува: Зоран Ѓорѓиевски, управител на МЕМО Овој текст одразува личен став и претставува обид...
Македонска делегација во Белград: Фокус на регионалната енергетска соработка и европска интеграција
Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања...
НОВА ЕТАПА НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАР-АД ЕСМ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ И УЧЕСНИК НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Пишува Ана Мешко, дипломиран електроинженер, Раководител за планирање и анализа на возни редови и...
