Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, АПРИЛ 2024
Во април 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 425,358 GWh.
ЕСМ со 251,648 GWh, учествува со најголем процент од 59,2%, потоа следуваат виртуелни производители со 66,030 GWh односно 15,5% , независните производители со 60,261 GWh односно 14,2%, повластените производители на електрична енергија со 44,789 GWh односно 10,5%.
Од сопственото производство 83,6% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 355,705 GWh, а 16,4% односно 69,648 GWh е деклариран извоз.
Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 462,444 GWh, каде од сопственото производство е продадено 355,710 GWh односно 76,9 % а од увоз е 106,734 GWh односно 23,1 %.
За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби, поточно нето-конзумот продадена е електрична енергија од 405,912 GWh, и тоа 58,2% на тарифни потрошувачи, 32,8% на снабдувани потрошувачи, и 9 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.
Загубите во електроенергетскиот систем се 56,527 GWh односно 12,2 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 482,917 GWh, каде нето транзитот е 431,632 GWh, а контратрејдингот е 51,285 GWh.
Подетални информации на следниот линк: Извештаи | Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО (memo.mk)
МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК
24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична...
Претставници на МЕМО учествуваат на 5-тата Годишна Соларна Конференција во Скопје
23 септември 2026, Скопје – Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија,...
Претставници на МЕМО на 21. Форум на Енергетската заедница за природен гас во Виена
22 септември 2026 – Виена - Претставници на Националниот оператор на пазар наелектрична енергија –...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, август 2026
Во август 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Рекорден обем на тргување на Македонската берза на електрична енергија во август 2026 година
Македонската берза на електрична енергија забележа рекорден обем на тргување во август 2026...
