Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28...

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, МАРТ 2024
Во март 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 466,152 GWh. ЕСМ со 280,283 GWh, учествува со најголем процент од 60,1%, потоа следуваат независните производители со 90,054 GWh односно 19,3%, виртуелни производители со 48,282 GWh односно 10,4% повластените производители на електрична енергија со 45,240 GWh односно 9,7%.
Од сопственото производство 84,4% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 393,230 GWh, а 15,6% односно 72,941 GWh е деклариран извоз.
Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 587,519 GWh, каде од сопственото производство е продадено 393,211 GWh односно 67 % а од увоз е 194,308 GWh односно 33 %.
За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби, поточно нето-конзумот продадена е електрична енергија од 508,233 GWh, и тоа 63,5% на тарифни потрошувачи, 29,7% на снабдувани потрошувачи, и 6,8 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.
Загубите во електроенергетскиот систем се 79,305 GWh односно 13,5 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 461,776 GWh, каде нето транзитот е 425,854 GWh, а контратрејдингот е 35,922 GWh.
Подетални информации на следниот линк: Извештаи | Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО (memo.mk)
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Јуни 2026
Во јуни 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
ИНТЕРВЈУ за Енергетика 24 на Зоран Ѓорѓиевски: Создадовме модерен пазар на електрична енергија, подготвен за европска интеграција
Во период кога европскиот енергетски сектор поминува низ длабоки трансформации, МЕМО ДООЕЛ...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – јуни 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Реализација на целите на МЕМО во првите 6 месеци од годината
Во првата половина од годината, МЕМО ДООЕЛ Скопје продолжи со континуиран развој и модернизација...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, MAJ 2026
Во мај 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
