Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

Енерџи Суплај-М ДООЕЛ нов учесник на македонската берза
МЕМО го поздравува учеството на Енерџи Суплај-М ДООЕЛ Скопје, на организираниот пазар на електрична енергија по принципот ден однапред.
Енерџи Суплај-М Дооел Скопје е лиценциран трговец со енергија и координатор на балансирани групи, составен од крајни корисници и производители. Во моментов компанијата има подружници и лиценци за трговија со електрична енергија во Бугарија, Албанија, Северна Македонија, Хрватска, Србија, Косово, Литванија, Унгарија и Грција, директно и преку партнери во Турција, Романија, Словенија, Босна и Херцеговина, Австрија и Италија
Првиот ден за тргување старува денеска, 19.03.2024 година.
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО е сигурно место за тргување за сите регистрирани учесници, меѓу кои покрај домашни компании тргуваат и големи регионални и европски трговски компании кои секојдневно активно учествуваат на организираниот пазар на електрична енергија.
Во моментов на македонската берза тргуваат 29 учесници, што претставува импозантна бројка за мал пазар на електрична енергија каков што е македонскиот.
МЕМО искажува голема благодарност за довербата.
Повеќе информации за организираниот пазар на електрична енергија на следниот линк:
МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК
24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична...
Претставници на МЕМО учествуваат на 5-тата Годишна Соларна Конференција во Скопје
23 септември 2026, Скопје – Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија,...
Претставници на МЕМО на 21. Форум на Енергетската заедница за природен гас во Виена
22 септември 2026 – Виена - Претставници на Националниот оператор на пазар наелектрична енергија –...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, август 2026
Во август 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Рекорден обем на тргување на Македонската берза на електрична енергија во август 2026 година
Македонската берза на електрична енергија забележа рекорден обем на тргување во август 2026...
