Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...

МЕМО го поздравува успешниот старт на Пазарот ден однапред во Косово
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, присуствуваше на официјалната церемонија со која беше означен почетокот на Пазарот ден однапред за организирано тргување со електрична енергија во Косово, како и спојување на берзите на Албанија и Косово.
На официјалното отворање Шутиноски упати честитки на раководството и на директорот на Берзата за електрична енергија на Албанија (ALPEX), Сокол Дишница.
ALPEX e основана во октомври 2020 година, како друштво за заедничко вложување во сопственост на операторите на преносните системи на Албанија (ОST) и Косово (КОSТТ).
Овие клучни чекори за Косово и Албанија, како и за целиот регион ја нагласуваaт важноста од целосно спроведување на Пакетот за интеграција на електрична енергија усвоен во Енергетската заедница на ЕУ. Северна Македонија со воведување на организираниот пазар на електрична енергија, во мај минатата година, затвори уште едно од европските поглавја.
Иднината на MEMO, како и на операторите на пазарите на електрична енергија на земјите од регионот е спојување со берзите на земји-членки на ЕУ.
МЕМО на одбележувaњето на 20 годишнината на Секретаријатот на енергетската заедница во Атина
Високи претставници од цела Европа присутвуваа во Атина на одбележувањето на 20-годишнината на...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, jуни 2025
Во јуни 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Првите шест месеци од 2025: Период на силен напредок и реализирани клучни активности за МЕМО
Во првата половина на 2025 година, Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО)...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, јуни 2025
Во јуни 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – јуни 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
