Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје ( 29.09.2023 )
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став 6 и член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став 3 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 29.09.2023 година се донесе:
ОДЛУКА
за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија
- Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија, со ЕДБ: 4080021599229, од пазарот на електрична енергија, поради непочитување на Правилата за пазар на електрична енергија односно нерегулирана балансна одговорност.
- Времетраењето на суспензијата започнува од 01.10.2023 година и трае заклучно со 31.12.2023 година.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
- Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршување.
О б р а з л о ж е н и е:
На ден 22.09.2023 година од АД МЕПСО Скопје по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување со арх бр во АД МЕПСО 05-5279/2 од 21.09.2023 година, и во МЕМО со арх бр. 09-5230/1 од 22.09.2023 година, според кое Договорот за балансна одговорност потпишан помеѓу АД МЕПСО Скопје и БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје со архивски број 09-5916/2 од 22.10.2021 година и Анекс 1 со арх.бр 09-1165 од 24.02.2022 година се смета за раскинат на 30.09.2023 година во 24:00 часот.
Врз основа на ова Известување, а согласно член 28 став 3 и 4 од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ – МЕМО ДООЕЛ, на ден 22.09.2023 година, на учесникот на пазар на електрична енергија БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје му изрече Опомена пред суспензија со арх. бр. 09-5230/2, во кое му укажа на учесникот дека со раскинувањето на Договорот за балансна одговорност со ОЕПС – АД МЕПСО, останува без регулирана балансна одговорност односно го губи правото за учество на пазарот на електрична енергија и му даде рок заклучно со 28.09.2023 година да ги отстрани причините за опомената.
Учесникот на пазар на електрична енергија, БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје, не постапи по барањата на ОПЕЕ нотирани во Опомената за суспензија, односно до рокот кој е наведен да ја регулира балансната одговорност со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 29.09.2023 година, одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ОДЛУКА за времена суспензија на ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци – потрошувач – учесник на пазарот на електрична енергија
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ОПОМЕНА ПРЕД СУСПЕНЗИЈА ЗА НЕСКЛУЧЕН БИЛАТЕРАЛЕН КУПОПРОДАЖАН ДОГОВОР ( 17.11.2023 ГОДИНА) – ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност ( 22.09.2023 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Membership on the organized electricity market – day ahead market
Here you can find the Rules for operation of the organized electricity market, which have been...
Учество на организираниот пазар на електрична енергија – пазар ден однапред
Во продолжение може да ги симнете Правилата за работа на организираниот пазар на електрична...