Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28...

МЕМО во соработка со МЕРМС ја реализира Реформската агенда: Воведува тргување со негативни цени и ги усогласува ценовните прагови со европските берзи на електрична енергија
19 ноември 2026 година, Скопје – Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, во соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) од денес овозможува доставување понуди и налози за тргување со негативни цени на организираниот пазар на електрична енергија. Со оваа промена продолжува реализацијата на Реформската агенда, преку усогласување на минималните и максималните ценовни прагови со оние на европските берзи за пазарот ден однапред и пазарот во тековниот ден.
Со измените, ценовните прагови на пазарот ден однапред (MATS) се менуваат од досегашниот интервал од 0,10 до +1.000,00 EUR/MWh на нов опсег од -600 до +4.000 EUR/MWh. На пазарот во тековниот ден (M7), досегашниот опсег од 0,10 до +9.999,99 EUR/MWh се проширува на -9.999,99 до +9.999,99 EUR/MWh. На овој начин, на учесниците им се овозможува поголема флексибилност и поефикасно управување со нивните пазарни позиции, особено во периоди на зголемено производство од обновливи извори на енергија.
Воведувањето на негативните цени овозможува пазарните механизми пореално да ги одразуваат условите на понудата и побарувачката. Негативната цена најчесто е сигнал дека во одреден период производството на електрична енергија ја надминува потрошувачката, односно дека на пазарот постои вишок електрична енергија.
„Негативните цени се дел од развојот на современите пазари на електрична енергија и претставуваат механизам преку кој пазарот ги одразува реалните состојби на понудата и побарувачката. Кога производството во одреден период е поголемо од потрошувачката, цената испраќа сигнал дека е потребно подобро управување со производството, зголемување на потрошувачката или активирање дополнителни капацитети за флексибилност и складирање“, посочуваат од МЕМО.
Важно е дека можноста за доставување налози со негативни цени не значи дека со воведувањето на оваа функционалност автоматски се формира негативна пазарна цена. Станува збор за проширување на можностите за тргување, при што цените и понатаму ќе се формираат врз основа на пазарните услови, односно понудата и побарувачката.
Оваа функционалност има особено значење за производителите на електрична енергија од обновливи извори. Кај соларните електроцентрали, најголемото производство се остварува во часовите со најголемо сончево зрачење, што може да доведе до зголемена понуда на електрична енергија и пониски пазарни цени. Во такви услови, негативните цени создаваат дополнителен поттик за попрецизно планирање на производството, инвестиции во батериски системи за складирање и примена на решенија за поефикасно управување со енергетските позиции.
Европското искуство покажува дека негативните цени се сè позастапен дел од динамиката на пазарите на електрична енергија, особено во услови на зголемено производство од обновливи извори.
„Важно е македонскиот пазар да располага со механизми што ќе ги одразуваат реалните пазарни услови и ќе овозможат подобра интеграција со европскиот енергетски пазар. Со оваа промена, МЕМО продолжува да придонесува кон развојот на модерен, транспарентен, конкурентен и ефикасен пазар на електрична енергија, како и кон неговото понатамошно усогласување со европските практики“, истакнуваат од МЕМО.
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –Октомври 2027
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО активно придонесува кон развојот на пазарот на електрична енергија и исполнувањето на европските стандарди
Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија за 2026 година ги нотира...
Компаративна анализа на пазарот ден-однапред: пред и за време на раните фази на CBAM во Република Северна Македонија
Пишува: Стојана Меган Милошевска, специјалист за енергетски пазариНационален оператор на пазар на...
МЕМО ја одржа првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија
28.10.2026-Скопје – Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Закажана првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија
На 28 октомври 2026 година (среда), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи првата аукција за...
