Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....

МЕМО одржа работилница за воведување негативни цени на пазарот на електрична енергија
9 ноември 2026, Скопје- Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа онлајн работилница на тема „Воведување негативни цени на пазарот на електрична енергија на МЕМО“.
На работилницата учествуваа претставници на компании – учесници на пазарот, кои имаа можност подетално да се запознаат со оперативната имплементација на негативните цени во трговските платформи MATS и M7.
Во рамки на работилницата беа презентирани претстојните промени на ценовните прагови, регулаторните, техничките и оперативните барања, како и практичната примена на негативните цени и нивното влијание врз учесниците на пазарот.
Посебен акцент беше ставен на подготовката за започнување на примената, тестирањето на системите и процесите, како и активностите што треба да ги преземат учесниците за навремено и успешно прилагодување кон новиот пазарен механизам.
МЕМО продолжува со активностите за понатамошно усогласување со европските стандарди и интеграција на домашниот пазар со европскиот енергетски пазар. Во таа насока, од 19 ноември 2026 година се воведуваат и негативните цени на пазарот на електрична енергија.
Ова претставува нова пазарна реалност за учесниците и отвора дополнителни можности за поефикасно искористување на произведената електрична енергија, развој на флексибилноста, подобро управување со производството и потрошувачката, како и понатамошна интеграција со европските пазари.
Со организирањето на оваа работилница, МЕМО продолжува активно да ги поддржува учесниците на пазарот во подготовката за воведување нови пазарни механизми и во процесот на усогласување со европските стандарди и практики.
Воведувањето негативни цени претставува уште еден значаен чекор кон модернизација и понатамошен развој на македонскиот организиран пазар на електрична енергија.
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –АПРИЛ 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Започна Интрадеј пазарот на МЕМО – ново ниво на флексибилност и ефикасност во енергетиката
6 мај 2026 година во Скопје - Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
ИНТРАДЕЈ ТРГУВАЊЕ:СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА БЕРЗАТА ЗА СТРУЈА ДОБИВААТ ОДЛИЧНА АЛАТКА ЗА КРАТЕЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ДЕБАЛАНС!
Пишува: Никола Стојанов, аналитичар Интрадеј пазарниот сегмент на нашата берза за струја ќе биде...
МЕМО: Првиот учесник веќе е регистриран – АД ЕСМ се придружи на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market)
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, од денеска го започна...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, МАРТ 2026
Во март 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
